Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

14 ТРЕНДИ НАМЕТКИ ЗА НА ПЛАЖА ВО КОИ ЌЕ ИЗГЛЕДАТЕ СОВРШЕНО ОВА ЛЕТО

Посакувате да бидете во тренд на плажите ова лето и сите очи да бидат вперени во вас?

Ви ги предложуваме овие наметки кои ќе направат да се чувствувате одлично во својата кожа и тогаш кога носите само костим за капење. Различни стилови, различни должини, има по некоја за сечиј вкус, а сите гарантираат тренди изглед.

Оваа наметка е совршена за да ја искомбинирате со вашиот костим за капење така што ќе ја носите врз него. Со тоа што на некои делови од неа има мрежа, озвоможува проток на воздух кој многу брзо ќе го исуши вашиот костим за капење.

Оваа наметка креирана како маица-фустан е стилски и удобна, со мали исечоци и јазол како еден детал на пловината.

Фрлете ги овие панталони врз себе и во една минута, па и помалку, од костим за капење ќе имате костим за целото тело.

Овој фустан без рамена е полн погодок доколку го одберете за некоја забава покрај базенот или на самата плажа.

Овој краток фустан со бели ракави спуштени долж раката, a кои не ги покриваат рамената, е одличен избор затоа што поседува се што ви е потребно за да бидете во тренд со модата.

Овој црн комбинизон со израз на буквата V ќе успее во тоа успешно да го прикаже вашиот костим за капење. Сепак покажувањето на новиот костим е клучен дел од одморот.

Уште еден краток комбинезон кој зрачи со своите внимателно одбрани бои, а истовремено претставува практично парче облека затоа што има длабоки странични џебови во кои ќе можете да го ставите вашиот паричник или вашите очила за сонце додека шетате по плажата.

Овој фустан од чипка лесно ви овозможува да бидете препознатливи додека одите на прошетка по плажата.

Овој долг фустан кој е комбинација на три бои можеби ќе изгледа премногу ако станува збор за уживање во него покрај базен, на големи горештини, но тоа што е отворен долж нозете од двете страни лесно ќе ви овозможи да ги покажете своите нозе.

Овој цветен фустан без ракави можете да биде вашиот избор на парче облека за целото лето.  Не само што може да претставува наметка која ќе ја облечете врз костимот за капење, може да биде и она кое што ќе се одлучите да го облечете на следниот состанок.

Овој фустан – кошула нека биде вашиот моден избор доколку сакате да се упатите на ручек, во куќата на родителите на вашиот партнер по времето поминато на плажа.

Комбинирајте го овој прекрасен долг фустан со сламена ташна и еспадрили и вашиот изглед со кој сте плениле покрај базенот ќе го имате и кога ќе излезете на улица.

Ако вашиот стајлинг повеќе одговара на бизнис и ја отсликува вашата неформалност тогаш несомнено ќе ви се допадне оваа кошула со копчиња.

Се уште ќе бидете во можност да ги покажете сите делови од вашиот костим за капење кога ќе ја носите оваа наметка на вашето тело.