Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Хотел „Olympion“ – Потос

Хотелот се наоѓа централно во местото Потос. Хотелот е комлетно реновиран пред 4 години. Во состав има 54 соби на приземје, прв и втор спрат, рецепција, ресторан за доручек на база шведска маса. Собите поседуваат wi-fi, клима уред (вклучен во цената), ТВ, WC, тераса, сеф, фен за коса, телефон (со доплата), мини бар (со доплата). Хотелот нуди стандардни двокреветни соби (два единечни кревети) а во некои има можност за дополнително легло. Хотелот е одалечен на само 100 м. од прекрасната песочна плажа, а се наоѓа на чекор од главното шеталиште, продавници, пекари, ресторани, таверни и сите видови забава. Гостите имаат можност за доплата на вечера во таверна која е во близина на хотелот (на сама плажа). Гостите на хотел Olympion можат да го користат базенот во хотел Anna Star кој се наоѓа на околу 100 м. одалеченост со нарачување на пијалок од барот на базенот.

ТерминНоќевања1/2 - Студио
02.06-09.067150
09.06-16.067190
16.06-23.067210
23.06-30.067230
30.06-09.079320
09.07-18.079360
18.07-27.079399
27.07-05.089399
05.08-14.089399
14.08-23.089399
23.08-01.099360
01.09-08.097260
08.09-15.097240
15.09-22.097220
22.09-29.097190

Напомена:

  • Цените во табелата се по лице за 7 или 9 ноќевања со појадок, за минимум 2 лица во соба
  • 1-во дете 2-11,99 год. во двокреветна соба на дополнително легло со двајца возрасни – 50% доплата од цената за возрасен
  • Во цената на аранжманите е вклучено користењето на клима
  • За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
  • Сместување во собите е после 14 часот по локално време а напуштање на собите до 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

 

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

 

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

 

 

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата