Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

4  ДЕНА – 2 НОЌИ

Еден од најголемите градови во светот, Истанбул. Град на два континента, Град на бројни раскрсници, Град на седумте ридови…ГРАДОТ НА СОНИШТАТА… Многубројни прекари кои гордо ги носи,овој прекрасен град, а да ја зборуваме и вистината убаво му стојат.

1 Ден  10.10.2018 (Среда) Скопје – Истанбул

Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн во 16:00ч. Со подготвени изненадувања од агенцијата весело го започнуваме патот од Скопје, преку Грција до Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден 11.10.2018 ( Четврток) Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Со првиот поглед на градот пристигнуваат и одговори за сите љубопитни срца и вљубеници во културата и патувањето. Возиме преку еден од Босфорските мостови до главната разгледна точка на Азиската страна, брдото Џамлиџа, од каде почнува нашата авантура. Прекрасниот панорамски поглед истовремено ќе ни го одземе здивот и ќе ни ги наполни батериите со енергија за исполнетиот ден што не очекува. Посетата тука трае од 30-40мин, местото е погодно да се освежите, можност да го пробате традиционалниот турски чај и секако да направите неверојатни фотографии кои нема да останат само во вашиот апарат туку вечно ќе се врежат и во вашиот ум. Сместување во хотел, Слободно време за oдмор Попладнети организиран  разглед на Истанбул 

Разгледот  започнува  со стариот Хиподром, кој не бил еден од најспектакуларните објекти во градот, но претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли. Околу него се наоѓаат Џамијата Султан Ахмед, поради своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија и е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња. Продолжуваме кон сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, Аја Софија, позната и како Црква на светата мудрост е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква и секако Топ Капи палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја, претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Влезниците за посета на Топ Капи и Аја Софија се факултативни и по желба.Од тука продолжуваме кон Капали Чаршија – најголемиот пазар во Европа истовремено еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Со повеќе од 3000 продавници сместени низ шармантните улички, во него може да се најде се што замислувате, од текстил, сувенири, храна.. Бескрајни можности за шопинг, каде жената се чувствува како дете во слаткарница. А шармот и љубезноста на добро познатите трговци сигурно ќе ве убедат да купите или да пробате традиционален производ.По слободното време за шопинг или можност за индивидуални или факултативна посета на  Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Враќање во хотел Ноќевање.

3 Ден 12.10.2018 (Петок ) Истанбул

 Појадок  Слободно време или  факултативно крстарење по Босфор Програмата започнува со посета на Цариградската Патријаршија од каде продолжуваме на релаксирано крстарење по Босфор кое нуди сосем различен поглед на Истанбул од претходниот, но воедно и уникатен начин да се видат сите знаменитости без да се заморите. Преку Босфорот ќе го доживеете Истанбул како да листате страници од книга, секоја со нова приказна, преку која историјата на овој град дише и живее. Крстарењето е со приватен брод и трае околу 90мин. За време на крстарењето локалниот водич ќе ни раскаже се што може да видиме од најпознатите стари куќи кои ќе ги препознаете од популарните турски серии. Најекстравагантниот диско клуб кој е дом на забавата за сите славни личности, до палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на султанот која е претворена во музеј со непроценлива збирка и секако пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија.

.Враќање во хотел  )

Ноќевање

4 Ден 13.10.2018 ( Сабота) Истанбул- Скопје

По појадокот, организирана посета на еден од најпознатите шопинг центри Форум. Крајот на нашата авантура го комплетираме со релаксиран шопинг и сувенири за најмилите дома; факултативна посета на Аквариум кој е сместен во самиот шопинг центар.Собир на групата и поаѓање за Скопје во 13:00.

5 Ден 14.10.2018 (Недела)
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 85€ /5,270,00

 

      

 Аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Истанбул – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел со појадок
  • разгледи на градот и сите главни знаменитости со локален водич
  • Придружник од агенцијата во текот на целото патување
  • Организација на патувањето

     

Аранжманот не вклучува:

  • Крстарење по Босфор – 15€ мин 30 патника
  • Влезница во Топ Капи – 15€
  • Влезница во Аја Софија со аудио слушалки – 15€
  • Влезница во Долма Бахче Сарај 25€
  • Посета на терасата Сафир со 4Д проекција
  • 15€ мин 20 патника
  • Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј по подводниот тунел 10 евра
  • Патничко – осигурување 185ден

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com