Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Лефкада (грчки: Λευκάδα) или Лефкос е остров во Јонското Море, еден од најголемите што ѝ припаѓаат на Грција. Островот е поврзан со копното со автопат и висечки мост, а е најпознат во светот по прекрасните плажи од кои застанува здивот. 
Лефкада е прилично голем остров. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Главниот град на островот, а воедно и административен центар на целата област е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот, на точката каде што јонскиот остров се поврзува со копнениот дел од Грција и на приближно 20 минути возење со автомобил од националниот аеродром Актион.

ТерминНоќевања со појадок1/23 лице
2/9-9/9710.480 (169)3.660 (59)
9/9-19/9108.990 (145)3.040 (49)
19/9-1/10126.140 (99)*2.420 (39)*

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
  • Термините во табелите се денови на тргнување од Скопје во 23.00 часот, состанок на групата во 22.30 часот (на паркингот спроти хотел “ Холидеј Ин”), аранжманот започнува следниот ден
  • Цена по лице за превоз:
    • Возрасни 3.100мкд. (50 евра)
    • Деца до 12 години 2.170мкд. (35 евра)
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

 

Куќа „Пенсион холидејс“ се наоѓа кај новото пристаниште во Василики. Оддалечена околу 200-250 метри од првата плажа. Студијата и апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса со поглед кон море. 

Villa Pension

no images were found

Куќа „Филоксенија 1“ е лоцирана, централно во Никијана. Оддалечена околу 80 метри од најблиската плажа. Студијата и апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Има голем убав двор. 

Villa FIloxenia 1

no images were found

 

Куќа „Филоксенија 2“ е лоцирана, централно во Никијана, на 150-200 метри од „Филоксенија 1“. Оддалечена околу 80 метри од најблиската плажа. Апартманите содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима (вклучена во цената), бесплатен интернет, тераса. Има паркинг и мал двор.

Villa Filoxenia 2 

no images were found

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

те -факс ++ 389 2 31 211 66, 075/272-843 www.flyturizam.com, e-mail: contact@flyturizam.com