Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, големиот број на културни атракции  и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар за Шпанија , како и за голем дел од јужна Европа.

Бидејки областа е населена од Римско време има мн историски локалитети за истражување и уѓивање.Голм број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и одличлен ночен живот и во локалните барови , ресторани и клубови .

13.03.2019    Скопје –   Софија – Мадрид

Трансфер до Софија – 04:00ч поаѓање од Скопје, лет за Мадрид. Пристигнување во Мадрид во 14:00ч.Трансфер до хотел. Сместување во Хотел. Ноќевање.

14.03.2019    Мадрид

Појадок .Поагање во 10.00ч на панорамски разглед на градот Мадрид со водич. Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад , главниот плоштад – Plaza Mayor ,паркот El Retiro, палатата Palacio Real de Madrid ,фонтаната цибелес , сончевата капија Puerta del Sol ,стадионот Santiago Bernabe ….Ноќевање.

15.03.2019  Мадрид  

Појадок.Факлутативна посета на еден од музеите – Museo del Prado , Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofia , Museo Thyssen – Bornemisza.Факултативна посета на фламенго најпознатиот шпански танц . Враќање во хотел.Ноќевање.

16.03.2019 Мадрид

Појадок. По појадок се упатуваме на факултативна посета на Plaza de Toros de Las Ventas –најпознатата мадиринска арена за борна со бикови .Потоа се упатуваме на факултативна посета на стадионот – Santiago Bernabeu Stadium, стадионот на кралскиот фудбалски клуб Реал Мадрид. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

17.03.2019 Мадрид – Софија – Скопје

Слободен ден за факултативни прошетки низ центарот на Мадрид Piazza Mayor и слободно време шопинг низ пешачката зона на Mадрид . Враќање во хотел во 17ч,трансфер за аеродром во 18ч.Лет за Софија, слетување во Софија.Трансер до Скопје .

Пристигнување во Скопје во утринските часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 359€/ 22.260.00 мкд

Цената за рана резервација важи до 10.11.2018

Во цената е вклучено :

-Трансфер на релација Скопје –Софија(аеродром)-Скопје;

-Авионски превоз на релација Софија-Мадрид-Софија со Ryanair со два кабински багажи со димензии 55x40x20 до 10кг и мал 35x20x20, како и вклучени аеродромски такси;

-Трансфер од аеродром-хотел-аеродром во Мадрид;

-4 ноќевања со појадок во хотел 3*;

-Полудневен панорамски разглед со локален водич;

 

Во цената не е вклучено :

-Фауклтативна посета на музеj – Museo del Prado                                                                     25€

-Факултативна посета на фламенго                                                                                            35€

– Факултативна посета на Plaza de Toros de Las Ventas                                                           15€

– Факултативна посета на стадионот – Santiago Bernabeu Stadium                                         10€

 

НАПОМЕНИ:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 18 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАM

 

Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com