Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Термини 14 март -17 mарт 2020 

                  23 mај –26 mај 2020

Амстердам е град на карактеристична холандска архитектура, канали, чамци и мостови. На прв поглед ќе имате впечаток дека во Амстердам времето запрело во седумнаесеттиот век, кое е познато како златно доба на холандската култура. Многу европски престолнини изобилуваат на историски места, но она што го прави Амстердам посебен е тоа што скоро секоја зграда во центарот на градот е истовремено културен споменик и нечиј простор за живеење, во исто време дел од историјата и дел од современиот изглед на градот. Во исто време, Амстердам е музеј на отворено, ризница на познати згради и споменици на отворено, но и модерна раздвижена европска престолнина. Главниот град на Холандија ги има сите карактеристики на метропола, живост и ритам на еден голем град. Амстердам несомнено ќе ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во прекрасната, необична глетка на Амстердам до одличен шопинг и многу повеќе. 

1 ден  14 март/ 23 МАЈ ( Сабота)  СКОПЈЕ

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 0345 часот. Полетување за Ајндховен 0545 .Пристигнување  08,40 часот. Организиран трансфер до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пивница Хајнекен, Новиот градски кварт,Улицата на црвените фенери … Слободно време за прошетка низ градот, Ноќевање.

2  ден 15Март/ 24 мај ( Недела) АМСТЕРДАМ

Појадок. Факултативна посета: МАЛА ХОЛАНДСКА ТУРА на традиционално село Zaanse Schans кое важи за колевка на европската економија, се гледа: познатите ветерници, работилници за традиционалните кломпи, порцелан, сирење…Патот продолжува за Volendam, рибарско градче на езерото ЕЈ. Враќање во Амстердам, препорачуваме посета на фабриката за дијаманти: прошетка низ работилницата и навлегување во тајните на брусење на прочуените дијаманти. Во вечерните часови, можност за факултативно возење со брод по каналите, каде можете да ги доживеете боите на градот на посебен начин и да видите дел од мостовите по кои e позната Холандија. Ноќевање.

3 ден  16 Март /25 Мај ( Понеделник) АМСТЕРДАМ – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ЕКСКУРЗИЈА: Сликовотито гратче Делфт – познато по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија, на враќање кон Амстердам Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден   17 Март /26 Мај ( Вторник) АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ

Појадок.  (Ланч пакет ) Напуштање на хотелот во 05,00 ч Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Авионот за Скопје полетува во 09,25 часот, пристигнување во Скопје во 12.55 часот

 

ЦЕНА    14.Март –17 Mарт       за рана уплата    379   /23.500.00  до 20 Декември 2019
ЦЕНА     23.Мај – 26 Мај            за рана уплата   399 €  /24.740.00 ден   до 15 Јануар 2020

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Aјндховен – Скопје со авикомпанија Wizz Air;

               Аеродромски такси

  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром– хотел – аеродром
  • Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во  Амстердам
  • Организиран разглед на Амстердам
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
  • Туристичка такса –

               Влезници за локалитети и карти за локален превоз 

  • Факултативна посета на Мала Холанска тура (минимум 20 патника) –39€
  • Факултативна целодневна посета Голема Холандска тура  (минимум 20 патника) 65€
  • Патничко осигурување 180 денари

 

Напомена

За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com