Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Банско е атрактивен во сите сезони. Обезбедува одлични ски и сноуборд патеки и најдолга ски сезона за разлика од сите останати бугарски ски-центри. Има уникатна историја и архитектура на стариот и новиот дел на градот. Како и голем број на дискотеки, пабови и “Механи” кој нудат одлична забава. Благодарение на овие карактеристики Банско е омилена ски и сноуборд дестинација за сите возрасти.
Банско се наоѓа во подножјето на Пирин планина во југо-западна Бугарија, на 160 километри од Софија. Нуди одлични услови за скијање и сноубординг .
Богата култура и традиција, одлични хотели за релаксација и вистински одмор за Вас и Вашето семејство.
Многу хотели со различни стандарди и цени се достапни за сечиј вкус. Банско нуди стотици барови и традиционални ресторани . Банско е планинско одморалиште и е одличен избор за вашиот ски и сноуборд зимски одмор. Вечерните часови може да уживате во некој од познатите пабови и барови.