Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

БУДВА – Нова Година 2020

29.12.2019 – 01.01.2020 4 дена/2 ноќевања
ПРОГРАМА:

1 ден: 29.12.2019 год.:
Состанок на групата во 22:00 часот пред Дрво декор и тргнување за Будва . Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: 30.12.2019 год.:
Пристигнување во Будва во утринските часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел Вила Монтерио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера или на плоштадот со богата музичка програма.
3 ден: 31.12.2019 год.:
Појадок.По појадокот индивидуални активности и прошетки во Будва и стариот град .Попладневна можност за факултативна посета на Дубровник и прослава на Новогодишната вечер на Плоштадот во Дубровник.Оние кои што ке останат во Будва Новогодишна прослава во стариот град на Будва со многу музика и забава. Ноќевање.
4 ден: 01.01.2020 год.:
Појадок.По појадокот напуштање на Хотелот .Слободно време до 14.00 часот и заминување за Скопје . Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА 89 евра

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз на дадената релација
2 ноќевања со појадок во Вила Монтерио во Будва
Организација и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
Патничко здравствено осигурување (180ден)
Полудневен излет до Дубровник (15€)потребни се минимум 20 патника за реализација

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Флај Туризам клуб и СКТМ
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.