ДРАЧ-КРУЈА-ТИРАНА-ЕЛБАСАН
06.03.2021 – 09.03.2021
1 ден 06.03.2021
Поаѓање од Дрво Декор во 00.30 h . Се патува преку Струга, граничен премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Драч во утринските часови, сместување во хотелот, краток одмор. По одморот организирано панорамско разгледување на градот Драч, факултативно посета на археолошкиот музеј, прошетка и шопинг. Враќање во хотел. Вечера . Ноќевање.
2 ден 07/03/2021
Појадок. По појадокот поаѓање за градот Круја, разглед на градот, посета на замокот Круја – резиденцијата на Скендербег, посета на споменикот на Скендербег, стариот пазар и други знаменитости. Поаѓање за Тирана, панорамско разгледување на градот: плоштадот Скендербег, булеварот на Националните херои, старата џамија Аџи Елтем Беј, парламентот…., слободно време за шопинг. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ден 08.03.2021
Појдок. По појадокот поаѓање за Скопје. Попатна посета на Елбасан, старото Кале. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 75€
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 полупансиони (појадок,вечера) во Хотел Скампа*** – Драч
- Организација и техничко водство на патот
- Посета на Тирана, Круја и Елбасан
Во цената не е вклучено:
- влезниците за наведените места – 5€
- задолжително патничко осигурување –120 денари
–
НАПОМЕНА:
- За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
- Деца од 0-2 год бесплатно
- Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 25 евра
- Деца од 6 – 12 години – 30% попуст на сумата
Информации и резервации : 3121-166 или 075272843 Палома Бјанка 1 кат -Скопје