Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

К  А  П  А  Д  О  К  И  Ј  А

Приказната за магијата на Кападокија е целосна само ако бидат земени предвид сите три аспекти што ја дефинираат: природен, историски и религиозен Името Кападокија на персиски значи „земја на убави коњи“. Поради својата улога која ја имала  за време на раното христијанство, нејзиното  друго име е „Лулка на христијанството“. Сепак, по она што е најпозната Кападокија се необичните камени скулптури, популарно познати како „самовилни  оџаци“, кои се создадени со таложење на бел вулкански пепел. Извајани со векови на дожд, ветер и сонце, овие монументални фигури денес се едно од најголемите чуда на природата и една од неизбежните туристички дестинации во Турција. Традиционалните кападокиски куќи и гулабници врежани во карпите,  оџаци, шарени балони се  на се пејзажи кои не ве оставаат рамнодушни.

Токму ова, за сите љубители на патувањата, Кападокија е неизбежна дестинација

Авионска програма  5дена / 4 полупансиони

1 ден 29.04.2021 Скопје –Кајсери

Состанок на патниците  на аеродромот во 05 50часот. Поаѓање за Истанбул во 08:35 часот Слетување во Истанбул во 11:10 часот. Продолжување на патувањето од истиот аеродром до Невшехир во 18:35 часот Планирано слетување во Невшехир (Кападокија) во 19:50 часот. Трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел, слободна вечер за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

2 ден 30.04.2021 Дервент –Пасабаги-Аванос –Ѓореме ( ЦРВЕНА ТУРА)

Појадок  Слободен ден за индивидуални активности, или целодневна факултативна екскурзија. Разгледот  започнува се  разбира, со  далеку славниот пејзаж на Кападокија Долината Деврент, недалеку од градот Зелва наречена  „Долина на имагинацијата“ – зачудувачка долина каде што можете да забележите природни карпести формации во многу препознатливи форми Посета на долината  „Pasabagi “ – позната и како Долина на монасите поради црквата Свети Симеон пронајдена таму и  познатите „бајковити камени оџаци   “-необични групи на повеќеглави карпести формации.Заминување за Аванос -мал, живописен град познат по својата вековна керамика од глина, од реката Kızılırmak (Црвена) која  за  прв пат се користела од Хитите пред 1700 г.п.е. Посета  на автентична семејна работилница за грнчарија и ликовна керамика лоцирана во подземна пештера,каде ќе се запознаете  со техниката на изработка на грнчарија и уметничко сликарство .Посета  на Гореме Музејот на отворено местото на  пештерски цркви пресечени во карпи со  извонредни фрески во нив. Излетот  завршува со посета на замокот  Учисар -кој е најголемата карпеста формација и највисоката точка на регионот Гореме во Кападокија. Враќање во хотел . Вечера .Ноќевање

3 ден 01,03,2021   Кајмакли –Ихлара  -Долината  на гулабите (ЗЕЛЕНА ТУРА )

 Појадок  Слободен ден за индивидуални активности, или целодневна факултативна екскурзија

 Разгледот започнува со посета на подземниот град Кајмакли кој селаните го откриле случајно, копајќи во желбата да направат остава и штали. Датира од периодот на Хетите, иако подоцна бил користен од христијаните. Градот е длабок 8 нивоа, од кои 4 се проодни за посетителите. Има простории за чување намирници, резервоар за вода, визби за вино и фурна за печење леб.Организиран ручек во целото Белисирма покрај реката Мелендиз По ручекот

 пешачка тура по долината Ихлара богата со  пештерни цркви издлабени од ранохристијански монаси. Посета на разботилница за скапоцени камења  каде ќе имате можност да се запоанете со нивната изработка и нивното значење во  Турската култура Разгеледот завршува со Pigeon valley –долината на гулабите со кратка пауза за  разглед и фотографирање Враќање во хотел Вечера.Ноќевање

4 ден 02,03,2021  Соганли-Собесос –Мустафпаша-Кешлик ( ПЛАВА ТУРА )

Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно едночасовно летање со балон над Кападокија,волшебно,незаборавно,несекојдневно доживување при изгревање на сонцето  (се разбира доколку временските услови дозволуваат ).Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч.

Појадок во хотелот По појадокот организиран факултативен излет Разгледот започнува околу 09,30часот со посета на селото Соганли местото каде што можете да го видите оригиналниот стил на живот и вистинската култура на Кападокија , каде што луѓето живеат во оригинални пештери. Посета на Собессос  римско аерхолошко наоѓалиште каде што можете да видите бањи, гробници ,единствени  цветни мозаици. и храмови од римската ера, кои датираат од 4 век . Посета на со посета манастирот Кешлик, изграден во вулканските карпи,туф, уште во времето на Византијците, кој се  користел се до 1920 год ,се до селото Мустафпаша ,Поранешното име на Мустафапаша за време на ерата на Османлиската империја било Синасос. Мнозинството од населението биле  Грци и Караманлиди (христијани кои го зборувале  турски јазик) а  остатокот Турци , Во 1924 година со договорот за размена на население меѓу Грција и Турција, Грците и Караманлидите  го напуштаат  градот кон Неа Синасос, град во северниот дел на островот Евбеја во Грција, а биле заменети со Македонски муслимани и Турци од Костур  град во северна Грција.

Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време, препорачуваме факултативна можност за јавање на коњи низ мистичната “Земја на убавите коњи”. Вечера. Ноќевање.

5 ден 03.05.2021  Кајсери –Истанбул –Скопје

Ран појадок (lunch box). Одјавување од хотел. Tрансфер до аеродромот во Кајсери. Полетување за Истанбул во

09:05 часот (локално време). Слетување во Истанбул во 10:40 часот. Полетување за Скопје во 19:25 часот,

слетување во 20:00 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ            399€- 24.740,00 денари /резервации до 12 Март

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Кајсери – Истанбул – Скопје со Turkish airlines
  • Чекиран багаж до 30кг.
  • Рачен багаж до 8кг.
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел DINLER 5*  во Urgup на база 4 полу пансиони (појадок и вечера)
  • Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневен излет ЦРВЕНА ТУРА трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • Целодневен излет “ЗЕЛЕНА  ТУРА ” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • Целодневен излет ПЛАВА ТУРА  со вклучен ручек (без пијалок) 45€ (2.790 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • Јавање коњи (1 час) – 35€ (2.170 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • Шоу програма танц на дервишите /во подземен ресторан со вечера – 30€ (1.860 мкд)  * задолжително пријавување во агенција*
  • Вечерата вклучува 3 јадења/ мезе, салати, , главно јадење по ваш избор (риба, пилешко, јагнешко или вегетаријански оброк ), десерти и овошје како и  неограничени пијалоци (безалкохолни пиво, локално турско вино и Раки,- турска ракија со вкус на анасон
  • Лет со балон – во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.) Цена од 110€ – 160€.

 

 

 

 

НАПОМЕНИ:

 

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

 

.

Во случај да продолжи услов за задолжителен ПЦР тест за влез во Турција ,агенцијата организира тестирање во просториите на ТА Флај Туризам  во договорено време

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на ФЛАЈ ТУРИЗАМ  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми). Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари