Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

ВЕЛИГДЕН  & 1 МАЈ

 

КАПАДОКИЈА & АНКАРА

 

28.4 -04.05.2021 Автобус

Приказната за магијата на Кападокија е целосна само ако бидат земени предвид сите три аспекти што ја дефинираат: природен, историски и религиозен Името Кападокија на персиски значи „земја на убави коњи“. Поради својата улога која ја имала  за време на раното христијанство, нејзиното  друго име е „Лулка на христијанството“. Сепак, по она што е најпозната Кападокија се необичните камени скулптури, популарно познати како „самовилни  оџаци“, кои се создадени со таложење на бел вулкански пепел. Извајани со векови на дожд, ветер и сонце, овие монументални фигури денес се едно од најголемите чуда на природата и една од неизбежните туристички дестинации во Турција. Традиционалните кападокиски куќи и гулабници врежани во карпите,  оџаци, шарени балони се  на се пејзажи кои не ве оставаат рамнодушни.

Токму ова, за сите љубители на патувањата, Кападокија е неизбежна дестинација

 

 

  1. 1. ДЕН    28.04.2021 СКОПЈЕ –  КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот на Хотел Вип во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот. Се патува преку Девебаир Бугарија,   со попатни паузи за одмор и царински формалности.Патот не води преку Истанбул,Анкара,Невшеџир. Дневно и ноќно возење со време за царински формалности. (ноќно возење се до наредниот ден до предпладневните часови).

  1. ДЕН     29.04.2021  КАПАДОКИЈА

Утринска пауза и посета на солено езеро Туз Ѓолу . По паузата се упатуваме према  Кападокија.Пристигнување  во предпладневните/пладневните часови. Сместување во Хотел до 14 часот, време за одмор, релаксација и слободни активности. ВечераНоќевањe.

  1. ДЕН      30.04.2021 – КАПАДОКИЈА

Појадок.По појадокот факултативно  ве водиме на разглед на познатото градче  Ѓореме : Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци“, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со преубав панорамски поглед на Ѓореме ,потоа се упатуваме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и невообичаени приказни. Посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки.

Во попладневните часови имаме преубаво доживување.

МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО

Препорака од 2 можности :

Прва препорака….ATV SUNSET TOUR: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта, место каде што Вашите желби се исполнуваат и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Се вози во колана со неколку водичи.  Незаборавна авантура за сите возрасти. Наша топла препорака.  (Дозвола не е потребна)

Втора препорака…. BUS SUNSET TOUR:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови.. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената ДолинаВраќање во хотел.Вечера.Ноќевање.

 4.ДЕН      01.05.2021  КАПАДОКИЈА

Појадок .По појадокот околу 09 и 30 ч заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија –  вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од  пред  10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината –  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел.Вечера,припрема за факултативна  посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци ,(вклучува трансвер,неограничени локални пијалоци,и апетисани)  .  Ноќевање

5.ДЕН      02.05.2021– КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат ). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч. Појадок во хотелот. По појадокот факултативно околу 09:30 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Кајмакли едени од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање . Посета на традиционална претстава Дервишка церемонија+трансвер-Dervish sema ceremonija. Вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности. Ноќевање.

6.ДЕН      03.05.2021 – КАПАДОКИЈА- АНКАРА-СКОПЈЕ

Појадок .По појадокот околу 09:30 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме во посета на традиционална работилница за изработка на накит од природен камен ONIX, сребро и 24 каратно позлата. Присуство на презентација и можност да се купи некое парче од изработките. Се упатуваме према главниот град на Турција-Анкара, каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности и посета на познатиот шопинг центар АНКА МОЛ. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Бугарија, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден.

7.ДЕН      04.05.2021-СКОПЈЕ.

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕУР/12 340 ден.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 27.03.2021:179 ЕУР/11 100 ден.

 

 Во цената е вклучено

  • Превоз со високо туристички автобус  на релација Скопје-Кападокија-Скопје со запазени пропишани мерки од СЗО на РСМ.
  • 4 ноќевања со појадок и вечера во Хотел ТОУРИСТ 4**** во Ѓореме или Хотел ДИНЛЕР 5***** во Урѓуп.
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу.
  • Посета на Анкара,мавзолејот на Кемал Ататурк *Посета на шопинг центар во Анкара Анка Мол.
  • Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.

 

Во цената не е вклучено

  • Факултативна посетаод трети ден по програма  црвената долина со залез на сонцето BUS SUNSET со локален водич + превоз+влез       10 еур
  • ATV SUNSET TOUR”ATV QUAD BIKES 4 X 4,2 кациги,трансвер од хотел,локален водич и возење 2 часа за 2 лица по програма од трет ден(цена по мотор  25 еур.
  • Мистична и магична Кападокија  од 3 ти ден по програмата,со стручен локален водич + превоз 20 еур.
  • факлутатива од  четврти ден  со сите влезници и ручек опишана во програмата 45 еур.
  • Факултатива од петти  ден со сите влезници и ручек опишана во програма 45 еур
  • Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци,музика,со вклучени неограничени пијалоци и апетисани,трансвер 30 еур.
  • Летање со балон (по договор на лице место ,во зависност од временски услови, расположливи места во балони по цена од 90 еур до 150 еур по лице )
  • Туристичка такса 2 еур од ден по соба(се плаќа во агенција)
  • Задолжително патничко осигурување .
  • Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНА:

Калкулацијата е правена на пријавени 40 патници или 75% од капацитет на седишта во автобус според прописи донесени од СЗО на РСМ и без  ПЦР тест за транзитирање низ Бугарија.

  За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.

Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена .

Целосна доплата 10 дена пред патување.

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.

Доплата за соба 1/1 (сам во соба)  4200 ден.за хотел   .

Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.

Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30 % од цената.

Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.

Во случај да продолжи услов за задолжителен ПЦР тест за влез во Турција ,агенцијата организира тестирање во просториите на ТА Флај Туризам  во договорено време ,тестот ќе ве чини -50% од редовната цена на овластена лабараторија за издавање на истите.(цена на ПЦР тест 1200 ден,во случај на позитивен резултат средствата платени за тестирања се неповратни).

Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)  за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!