Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

** Магично но вистинито и незаборавно доживување на Кикладските острови: Парос, Антипарос, Наксос, Делос, Миконос**

ULTRA FIRST MINUTE ДО 01.07.2019 – 299€/18.540ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 319€/19.780 ден.

Островот Парос се наоѓа во централниот дел на групата острови Киклади, на само четири часа пловење со брод од Пиреја, северно од Санторини. Ова е остров со златни плажи, со бројни плантажи на лозови насади и маслинови дрва. Површината на островот е околу 186,5 км2 и должина на обалата околу 120 км2. Островот Парос низ историјата бил познат по каменоломи на мермер од кои се направени многубројни храмови.

Како што велат и самите мештани на овој остров, спој од најубавото на Миконос и Санторини можете да го доживеете само на Парос. Рестораните и таверните на Парос се едни од најдобрите во Грција, како и златните песочни плажи и ноќниот живот на истиот. Едноставно со посетата на Парос добивате два острови по цена на еден, од причини што островот Антипарос е на 10 минути одалечен со брод каде ќе имаме можност за индивидуална посета на истиот.

Главен град е Парикиа кој е изграден на остатоци од антички храм. Со бели мали куќички, тесни поплочени улици. Ова мало, мирно гратче во текот на летото е многу посетуван од туристи од целиот свет. Исто така многу значајни места како цркви, музеи, и замоци се: црквата Catapoliani која е наречена црква со 100 врати, изградена во традиционален Византиски стил, археолошки музеи, Венецијански замок, Аsklepion, Dilio, долината на пеперутките, манастирот Logovardа, и посета на христијански древен манастир. За љубители на грчката традиционална кујна, виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во посета на овој остров.

Програма на аранжманот:

1 ден: 13.09.2019 (петок) СКОПЈЕ 

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање во 16:30 часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува ноќно возење према Атина/Пиреа.

2 ден: 14.09.2019 (сабота) ПИРЕА/АТИНА – ПАРОС

Пристигнување на пристаниште Пиреа/Атина во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште е во 07:25 часот по локално време, и пловење за Парос. Пристигнување на Парос околу 12:00 часот на пладне. Трансфер од пристаниште до хотелот. Време за одмор, и слободни активности. Ноќевање.

3 ден: 15.09.2019 (недела) ПАРОС

Појадок. По појадокот, околу 10 часот се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црква со 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770-та година било главно пристаниште и седиште на руската флота, во текот на овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15-ти век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12-ти и 13-ти век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17-ти век.  Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади.  По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Во вечерните часови, по завршувањето на целодневната екскурзија, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 16.09.2019 (понеделник) ПАРОС

Појадок. По појадокот околу 09:00 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален каики брод, капење и скара/ручек на брод. Во 09:30 часот заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот Агиос Костис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото Като Коуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и Пано Коуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени доживувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на Като Коуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува: месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, сокови). По капењето и ручекот на брод се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос. Околу 16:30 часот пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 часот пристигнување на Парос и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.

5 ден: 17.09.2019 (вторник)

Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање.

6 ден: 18.09.2019 (среда) ПАРОС

Појадок.  Ден за слободни активности. (Препорака, во договор со групата можна факултативна екскурзија до островот Антипарос каде ќе имаме можност да ги доживееме убавините и на овој остров и преубавите песочни златни плажи, со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос Георгиос каде ќе имаме  организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа  посета на вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наоѓа во Мастихари. Оваа екскурзија трае се до 17:00 часот и чини 60 евра). Ноќевање.

7 ден: 19.09.2019 (четврток) ДЕЛОС – МИКОНОС

Појадок. По појадокот факултативно со автобус  се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод  ќе испловиме према островот Делос и Миконос. Прва станица ќе ни биде посета на островот Делос кој претставува стар археолошки град (музеј), каде сите они коишто имаат желба да влезат во археолошкиот град индивидуално треба да платат влезница по цена на чинење на каса заедно со стручниот локален водич кој ќе ги води низ археолошкиот град. По дво-часовната посета на островот Делос со истиот брод се упатуваме према најпознатиот космополитски остров во Грција Миконос рај во срцето на Кикладските острови. Овде со нашиот локален водич на ова патување ќе можете да откриете фасцинантен свет, каде што гламурот се спојува со едноставноста. Според митологијата Миконос е остров кој настанал од скаменетите тела на џиновите од страна на Херкулес, најпознатото сценско ќоше на островот е ALEFKANTRA или така наречена мала Венеција, која датира од 18-ти век. Тоа е област во која доминираат куќички на големите капетани, со шарени балкони, и стилски прозорци, со балкони издигнати над морето токму како да ви поминуваат пред вас слики од познатиот италијански град Венеција, пробајте да се релаксирате на брегот пиејќи кафе и восхитувајте се на погледот кон големите ветерници, поставени на ридот пред вас  кој што ќе имаме можност да ги видиме и да се фотографираме пред истите. Центарот на Миконос, така наречен Хора е место каде може да започне нашето откривање на гламурот на островот, прекрасните плажи и така шетајќи надвор од летната сезона може да наидеме на средба со познати личности како дел од гламурот на Миконос, кои главно ги посетуваат пред бурната летна сезона. Во попладневните часови враќање према Парос, трансфер до хотел.  Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

8 ден 20.09.2019 (петок) ПАРОС

Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање. 

9 ден 21.09.2019 (сабота) ПАРОС – АТИНА/ПИЕРИА

Појадок. Време за слободни активности, се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 часот се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 часот чекирање на брод и пловење кон Пиреа. Пристигнување во Атина/Пиреа околу 23:00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 22.09.2019 во раните утрински часови

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 7 ноќевања со појадок во хотел http://www.captainsrocks.gr/english/index.php
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Парос-Скопје (кој е на располагање и на Парос)
  • Бродски билет на релација Атина/Пиреа – Парос – Атина/Пиреа, економска класа BLUE STAR
  • Трансфер пристаниште–хотел-пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултатива опишана во 3ти ден – 40
  • Целодневно Крстарење со традиционален каики брод со капење на јужното крајбрежје на островот Наксос и ручек на брод, опишана во 4ти ден – 75
  • Препорака – Факултатива опишана во 6ти ден – 60
  • Посета на островите Делос и Миконос опишани во 7ми ден – 70€
  • Сите трансфери по желба на патниците хотел-Парикиа-Науса-Писо Ливади-Марписа-Лефкес-Дриос и други познати градчиња на островот- 5
  • Доплата за едно-креветна соба 1/1 се доплаќа 6.990 денари
  • деца од 0 год.-1.99 год. бесплатно во хотел со двајца возрасни и не користи кревет плаќа само превоз со автобус 40€/2.480 денари
  • деца од 1.99 год.- 5.99 год. плаќаат 99€/6.138 денари (само превоз+бродски билет) спие со двајца возрасни и не користи кревет во хотел
  • деца од 6 год.-11,99 год. плаќаат 187€/11.600 денари
  • Факултативни излети за деца до 5.99 години се бесплатни
  • Факултативни излети за деца до 11.99 години се плаќа 50% од сумата
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:

  • За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.
  • За реализација на сите горе наведени факултативни излети потребен е минимум од 25 патника.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби (2+1).
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • Агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • За резервација задолжителна ULTRA FIRST MINUTE понуда уплата на аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
  • При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените факултативни екскурзии ќе ги користи патникот .
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање .
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети

ЦЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ САМО ПРЕВОЗ И БРОДСКИ БИЛЕТ СКОПЈЕ-ПАРОС-СКОПЈЕ:

  • Превоз со високотуристички автобус 80€/4.960 денари
  • Бродски билет Пиреа/Атина – Парос – Пиреа/Атина 83€/5.150 денари

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

  • Бродски превоз за автомобил 100€/200 денари по правец
  • Бродски превоз по лице 50€/2.5750 денари по правец (економска класа)

ДОПЛАТА ЗА :

  • Авионски седишта на брод 25€/1.550 денари по правец
  • Бизнис класа на брод 35€/2.170 денари по правец

Кабина за спиење на брод 89€/5.520 денари по правец

 

За љубители на грчката традиционална кујна, виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во посета на овој остров од 13.09.2019-22.09.2019

1

1 ден

1 ден: 13.09.2019 (петок) СКОПЈЕ  Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање во 16:30 часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува ноќно возење према Атина/Пиреа.
2

2 ден

2 ден: 14.09.2019 (сабота) ПИРЕА/АТИНА – ПАРОС Пристигнување на пристаниште Пиреа/Атина во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште е во 07:25 часот по локално време, и пловење за Парос. Пристигнување на Парос околу 12:00 часот на пладне. Трансфер од пристаниште до хотелот. Време за одмор, и слободни активности. Ноќевање.
3

3 ден

3 ден: 15.09.2019 (недела) ПАРОС Појадок. По појадокот, околу 10 часот се упатуваме на целодневна факултативна екскурзија и разглед на островот, запознавање со сите знаменитости, посета на сите цркви и замоци, посета на Парикиа која е главна општина на Парос и ќе биде наша прва дестинација, запознавање на археолошките музеи на Парос. Посета на пост византиската црква Catapoliani (црква со 100 врати), можност за прошетка по тесните улици на Парикиа, се до замокот Frankish и терасата на античкиот храм на божицата на мудроста Атина, каде што ќе имаме можност да направиме преубави фотографии. Истиот ден ќе имаме можност да се упатиме и да го посетиме заливот т.н. Науса, кое е мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови наречени каики кои создаваат уникатна глетка. Науса имало големо значење во историјата на овој остров, каде во 1770-та година било главно пристаниште и седиште на руската флота, во текот на овој период Науса била трговски центар токму заради нејзиното значење и местоположба на заливот. Денеска ова гратче има околу 1200 жители и во текот на изминатите неколку години се изградени многу нови куќи, но сепак овој град го задржал својот изглед и шарм како што бил и предходно. Во овој град ќе имаме можност да посетиме многу остатоци од замоци кои датираат од 15-ти век, Византиски музеи во кои се наоѓаат бројни икони од 12-ти и 13-ти век, како и бројни археолошки наоѓалишта. На влезот во градот се наоѓа црквата Св.Атанасиј од 17-ти век. Ќе имаме можност да ги посетиме најавтентичните села на Парос, а тоа се Марписа и Лефкес и можност и време за индивидуален ручек каде би можеле да ги вкусиме специјалитетите кои ги нудат на рибарското пристаниште Писо Ливади. По посетата на Лефкес ќе имаме можност да го посетиме гратчето Дриос, кое што се наоѓа најјужно на островот, во кој што има остатоци од Византискиот период. Во вечерните часови, по завршувањето на целодневната екскурзија, враќање во хотел. Ноќевање.
4

4 ден

4 ден: 16.09.2019 (понеделник) ПАРОС Појадок. По појадокот околу 09:00 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со традиционален каики брод, капење и скара/ручек на брод. Во 09:30 часот заминување од Писо Ливади и се упатуваме со брод према заливот Агиос Костис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристално чистото море. Продолжуваме кон југ во пештерите на местото Като Коуфониси. Посета на уникатните пештери на Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и Пано Коуфониси, овде се задржуваме и имаме можност за слободни водени доживувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на Като Коуфониси каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува: месо на скара-суфлаки 350гр, грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, сокови). По капењето и ручекот на брод се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот Наксос. Околу 16:30 часот пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 часот пристигнување на Парос и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
5

5 ден

5 ден: 17.09.2019 (вторник) Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање.
6

6 ден

6 ден: 18.09.2019 (среда) ПАРОС Појадок. Ден за слободни активности. (Препорака, во договор со групата можна факултативна екскурзија до островот Антипарос каде ќе имаме можност да ги доживееме убавините и на овој остров и преубавите песочни златни плажи, со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос Георгиос каде ќе имаме организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа посета на вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наоѓа во Мастихари. Оваа екскурзија трае се до 17:00 часот и чини 60 евра). Ноќевање.
7

7 ден

7 ден: 19.09.2019 (четврток) ДЕЛОС – МИКОНОС Појадок. По појадокот факултативно со автобус се упатуваме према пристаништето на Парос од каде со брод ќе испловиме према островот Делос и Миконос. Прва станица ќе ни биде посета на островот Делос кој претставува стар археолошки град (музеј), каде сите они коишто имаат желба да влезат во археолошкиот град индивидуално треба да платат влезница по цена на чинење на каса заедно со стручниот локален водич кој ќе ги води низ археолошкиот град. По дво-часовната посета на островот Делос со истиот брод се упатуваме према најпознатиот космополитски остров во Грција Миконос рај во срцето на Кикладските острови. Овде со нашиот локален водич на ова патување ќе можете да откриете фасцинантен свет, каде што гламурот се спојува со едноставноста. Според митологијата Миконос е остров кој настанал од скаменетите тела на џиновите од страна на Херкулес, најпознатото сценско ќоше на островот е ALEFKANTRA или така наречена мала Венеција, која датира од 18-ти век. Тоа е област во која доминираат куќички на големите капетани, со шарени балкони, и стилски прозорци, со балкони издигнати над морето токму како да ви поминуваат пред вас слики од познатиот италијански град Венеција, пробајте да се релаксирате на брегот пиејќи кафе и восхитувајте се на погледот кон големите ветерници, поставени на ридот пред вас кој што ќе имаме можност да ги видиме и да се фотографираме пред истите. Центарот на Миконос, така наречен Хора е место каде може да започне нашето откривање на гламурот на островот, прекрасните плажи и така шетајќи надвор од летната сезона може да наидеме на средба со познати личности како дел од гламурот на Миконос, кои главно ги посетуваат пред бурната летна сезона. Во попладневните часови враќање према Парос, трансфер до хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
8

8 ден

8 ден 20.09.2019 (петок) ПАРОС Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање.
9

9 ден

9 ден 21.09.2019 (сабота) ПАРОС – АТИНА/ПИЕРИА Појадок. Време за слободни активности, се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 часот се упатуваме према пристаниште и околу 19:20 часот чекирање на брод и пловење кон Пиреа. Пристигнување во Атина/Пиреа околу 23:00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 22.09.2019 во раните утрински часови