Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Остров со 340 сончеви денови годишно.

Република Кипар е островска земја во Средоземното Море, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Кипар го нарекуваат многумина остров Афродита, затоа што според традицијата, тука е родена грчката божица на љубовта Низ 10 000 годишната историја бил населен и освојуван од Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци и крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја. Кипар има високо развиен туризам, благодарение на својата богата историја, прекрасно одржуваните одморалишта.Улици на кои можат да се видат многу луксузни автомобили, пријателски и измерени луѓе, квалитетни, добро опремени хотели, топла медитеранска клима, прекрасни плажи, интересни настани на плажи и ноќни клубови. , квалитетно вино, добар шопинг – каде најпознатите светски дизајнери се претставени по поприфатливи цени отколку во другите метрополи.
ЛАРНАКА
Ларнака е најстариот град на островот, трет по големина град со население од 75.000, на 5 километри од најголемиот меѓународен аеродром во Кипар. Сместено е на југоисточниот брег и е луксузно одморалиште со туристи кои доаѓаат на скапи јахти.
Предвесник на денешната Ларнака е античкиот град Китиум, чии урнатини сè уште се видливи. Значајна туристичка дестинација со многу знаменитости и туристички атракции како што се урнатините на антички от Китиум – од 13 век. Градот е познат по прекрасно уреденото шеталиште покрај морскиот брег, покрај кој има палми и голем број песочни плажи се доделени на синото знаме.
ЛИМАСОЛ
Втор по големина град, по главниот град Никозија, кој е и главно трговско пристаниште и важен туристички центар.. Познат е како главно пристаниште и винарски центар на островот кој нуди мешавина од песочни плажи ,трговски центри и забавен ноќен живот
АЈА НАПА
Сместено е на југоисточниот брег, на околу 40 км од Ларнака, 8 км од Протарас, кај Кејп Греко. Познат е по прекрасните бели песочни плажи кои го носат синото знаме на ЕУ, по кристално чиста тиркизна вода и удобности што ги нудат. Покрај семејното одморалиште, ова место во последниве години стана „главен град на забава“ со над 150 барови и дискотеки, познати и како „Скулптура Ибица“. За малку повеќе од десет години, Аја Напа стана многу посетен туристички центар во рибарското село, со нови хотели долж километарскиот брег, со бесконечни бели песочни плажи по должината на тиркизното море, спортови на вода, тематски воден парк. Аја Напа е омилено одморалиште и за ентузијасти за нуркање.

Програма
1 ден: (10,11.2019 – недела) – СКОПЈЕ –ЛИМАСОЛ-ЛАРНАКА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 0430 часот. Полетување за Ларнака во 06,00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09,20 часот. Трансфер до хотелот со попатен разглед на Лимасол и соленото езеро АЛИКИ – второ по големина езро на Кипар За време на зимата, езерото се полни со вода и е дом на птици кои мигрираат, вклучувајќи илјадници фламинга кои остануваат меѓу ноември и март, заедно со диви патки и друга птици кои наоѓаат прибежиште тука на нивните миграциски патувања.Заминување за Ларнака Сместување во хотел Слободно време за индивидуални активности по желба. Ноќевање.
2 ден: (11,112019 –Понеделник ) – ЛАРНАКА –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасшка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички Голем број од старите куќи се рестарвирани , а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј , Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се казжува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Враќање во хотел во Ларнака Ноќевање
2 ден: (12,11.2019– Вторник) –ЛАРНАКА -ФАМАГУСТА –АЈА НАПА
Појадок Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град на Кипар – Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на СветиНикола и замокот Отело.Заминувањеза градот Аја Напа.Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни
пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека имаместа и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање
4 ден: (13,11.2019 –Среда ) – ЛИМАСОЛ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од хотел во 08,00 часот. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 08,30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности.Пристигнување во Скопје во 11,20

 

ЦЕНА за рана уплата 219 € /13.600.00 ден до 05 Октомври
Редовна цена 269€/16.670.00 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
• Сместување во хотел 3* со појадок во Ларнака
• Организиран разглед на Ларнака и Соленото Езеро
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
• Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)
Влезници за локалитети и карти за локален превоз
• Факултативна посета на Фамагуста и Аја Напа со локален водич и трансфер – 55 евра (минимум 15 патника)
• Факултативна целодневна посета градот Никозија со пратител и трансфер – 50 евра (минимум 15 патника)
• Патничко осигурување 180 денари

Напомена
За реализација на програмата потрено е група од 25 патника

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ
Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14
тел-факс ++ 389 2 31 211 66, 075/272-843 www.flyturizam.com, e-mail: contact@flyturizam.com