Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Нова Година
КИПАР

29.12.2019 – 01.01.2020

Остров со 340 сончеви денови годишно.
Република Кипар е островска земја во Средоземното Море, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Кипар го нарекуваат многумина остров Афродита, затоа што според традицијата, тука е родена грчката божица на љубовта Низ 10 000 годишната историја бил населен и освојуван од Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци и крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја. Кипар има високо развиен туризам, благодарение на својата богата историја, прекрасно одржуваните одморалишта.Улици на кои можат да се видат многу луксузни автомобили, пријателски и измерени луѓе, квалитетни, добро опремени хотели, топла медитеранска клима, прекрасни плажи, интересни настани на плажи и ноќни клубови. , квалитетно вино, добар шопинг – каде најпознатите светски дизајнери се претставени по поприфатливи цени отколку во другите метрополи.
ЛИМАСОЛ

Втор по големина град, по главниот град Никозија, кој е и главно трговско пристаниште и важен туристички центар.. Познат е како главно пристаниште и винарски центар на островот кој нуди мешавина од песочни плажи ,трговски центри и забавен ноќен живот.

Програма
1 ден: (29,12.2019 – недела) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА -ЛИМАСОЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 0430 часот. Полетување за Ларнака во 06,00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09,20 часот. Трансфер до хотелот со попатен разглед на Ларнака и попатна посет а на соленото езеро АЛИКИ – второ по големина езро на Кипар За време на зимата, езерото се полни со вода и е дом на птици кои мигрираат, вклучувајќи илјадници фламинга кои остануваат меѓу ноември и март, заедно со диви патки и друга птици кои наоѓаат прибежиште тука на нивните миграциски патувања. Сместување во хотел во Лимасол Слободно време за индивидуални активности по желба. Ноќевање.
2 ден: (30,12,.2019 – вторник ) – ЛИМАСОЛ –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема клекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот Голем број од старите куќи се рестарвирани , а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј , Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се казжува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно време за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел , Посета на црквата Фанеромени лоцирана на самата граница како и статуата на независен Кипар Враќање во хотел во Лимасол Ноќевање
3 ден ( 31.12.2019 вторник) ЛИМАСОЛ –ПАФОС
Појадок Факултативна посета на Пафос – Патот води низ областа Фасури која изобилува со плантажи на лимони и помаранџи ,тврдината Куриом , Британската воена база Episkopi се до Афродитината плажа каде според легендата од морската пена родена e божицата на љубовта Афродита , Кратка пауза за одмор и освежување со поглед на Афродтината карпа за која е врзан мит дека грчката богиња на љубовта е родена токму овде и од нејзините солзи се створени познатите Афродитини карпи как и и кристално чистото море .Заминување за Пафос -град со најголеми атракции ставен под заштита на УНЕСКО ., црквата Свети Павле , Архелошкиот музеј и повеќе средновековни тврдини .Посета на катакомбите на Соломон на чиј влез се наоѓа дрво кое исполнува желби .Имено целото стебло е украсено со марамчиња и ленти .Локалното население верува дека со врзувањто на лента на гранките од дрвото , лицата кои се изгубиле ќе се вратат во своите домови, неродкињите ке раѓаат деца .Познатитот музеј на богот Дионисус познат по подните мозаици на кои е отсликана Грчката историја и митологија лоциран во центарот на градот Слободно време за кафе или ручек , Разгледот на Пафос се завршува со разглед на Kato Pafos архелошкиот парк во кој се наоѓа гробницата на кралевите и нивните фамилии . Враќање во хотел во Лимасол ,
Припрема за дочек на Новата година .
Ноќевање
4 ден: (01.01.2020 – среда) – ЛИМАСОЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел во 08,00 часот. Трансфер до аеродрмот во Ларнака во 08,30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Ларнака во 10,00 .Пристигнување во Скопје во 11,20


Цена 299€ / 18,500,00 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
• Сместување во хотел 3* со појадок КAPETANIOS Hotel 3* Лимасол
• Организиран разглед на Ларнака и Соленото Езеро
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
• Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)
• Факултативна посета на Пафос со локален водич и трансфер 50€ (Curium , Куќата на Dionysos, Кралската гробница )(минимум 15 патника)
• Факултативна целодневна посета градот Никозија со влезници за одредени капацитети ,пратител и трансфер 50€ (минимум 15 патника)
Доплата за Новогодишна вечера 45€ по лице
• Патничко осигурување 180 денари

Напомена

За реализација на програмата потрено е група од 25 патника
За реализација на факултативните излети потребно е минимум 15 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ
Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14
тел-факс ++ 389 2 31 211 66, 075/272-843 www.flyturizam.com, e-mail: contact@flyturizam.com