Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Главниот град на Шпанија , Мадрид , важи за еден од најубавите европски градови , со фасцинантна архитектура, големиот број на културни атракции  и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив .

Мадрид е историско – културен центар за Шпанија , како и за голем дел од јужна Европа.

Бидејки областа е населена од Римско време има многу  историски локалитети за истражување и уживање.Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови , ресторани и клубови .

18.03.2020   Скопје –   Софија – Мадрид

Трансфер до Софија – 10,00 поаѓање од Скопје ,лет за Мадрид 16,55  (локално време).Пристигнување во Мадрид во 1945чТрансфер до хотел .Сместување во Хотел. Ноќевање.

 

19.03 2020    Мадрид

Појадок .Поагање во 10.00ч на панорамски разглед на градот Мадрид со водич . Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад , главниот плоштад – Plaza Mayor ,паркот El Retiro  палатата Palacio Real de Madrid ,фонтаната Cibeles, сончевата капија Puerta del Sol ,стадионот Santiago Bernabe ….Ноќевање.

 

20.03.2020  Мадрид   

Појадок.Факлутативна посета на еден од музеите – Museo del Prado , Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofia , Museo Thyssen – Bornemisza.Факултативна посета на фламенго најпознатиот шпански танц . Враќање во хотел.Ноќевање.

 

21.03.2020 Мадрид Толедо

Појадок.По појадок се упатуваме на факултативна посета  на Толедо   Град под заштита на Унеско прогласено како   светско наследство во 1986 година, Толедо е извонреден музејски град кој своето  наследство им  го должи на Евреите, муслиманите и христијаните кои живееле таму, работејќи и заедно почитувајќи ја секој  туѓата религија Секоја од културите и нациите што  поминале низ  Толедо му подариле  на градот подарок составен од богато архитектонско и уметничко наследство. Градските sидови, подигнати за време на римската ера, биле реконструирани и добиле модерен изглед од Арапите. Многу порти го обележуваат патот кон зидините  а  само , Puerta De la Bisagra ,  е порта која води кон историскиот дел од градот и носи грб на империјалниот град,  и е единствената што ја задржа средновековната архитектура. Рагледот започнува  со тврдината  Алказар правоаголна тврдина со кули на секој агол. Една од важните знаменитости на Толедо е „Катедрал де Толедо“,чиј  импресивен готски екстериер воодушува, а  додека во внатрешноста на катедралата има музејски дел каде може да се видат дела од Караваџо, Ел Греко,  Ван де  Гог  и др Посета на Џамијата  Кристо де ла Луз  од десетти век единствената преживеана џамија од скоро десет што првично постоеле во градот  .Синагогата  Ел Трунсито  од четиринаесетти век, Црквата Свети Тома,  Мостот Сан Мартин кој потекнува од средината на 14 век.Прогласен е за национален споменик во 1921 година и нуди незаборавно место за уживање  при  заоѓање на сонцето

Враќање во хотел.Слободно време .Ноќевање

 

22.03.2020  Мадрид – Софија – Скопје

Појадок.Напуштање на собите и трансфер за аеродром во 1730ч.Лет за Софија во 20.20ч слетување во Софија во 00,50  на 23.03  .Трансфер до Скопје .Пристигнување во Скопје во раните утрински часови

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:359€/ 22.260.00 мкд

За уплата  до 15.01.2020

 

Во цената е вклучено :

-Трансфер на релација Скопје –Софија(аеродром)-Скопје;

-Авионски превоз на релација Софија-Мадрид-Софија со Rayanair со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг/мал багаж 40х20х25см.

-доплата за багаж 55 х 40 х 20 цм  2,400,00 во двата правци

-Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Мадрид;

-4 нокевања со појадок во Hotel Madrid Torrejón Plaza  3*

-Полудневен панорамски разглед со локален водич;,

 

 

Во цената не е вклучено :

-Фауклтативна посета на музеj – Museo del Prado                                                                    25€

-Факултативна посета на фламенго                                                                                          35€

– Факултативна посета на Plaza de Toros de Las Ventas                                                          15€

– Факултативна посета на стадионот – Santiago Bernabeu Stadium                                         10€

– Факултативна посета на Толедо                                                                                              35€

 

НАПОМЕНИ:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 18 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот  на враќањето

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

 

Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com