Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

МАДРИД

25.03-29.03.2024

 

Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, големиот број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар за Шпанија, како и за голем дел од јужна Европа. Бидејки областа е населена од Римско време има многу историски локалитети за истражување и уживање.Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка. Дури и градското собрание е восхитувачко, со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови, ресторани и клубови.

Програма:

1 ден: СКОПЈЕ – ТИРАНА – МАДРИД

Состанок на групата во 10:00ч. пред Дрводекор. Трансфер до Тирана, лет за Мадрид 17:30ч. Пристигнување во Мадрид во 21:05ч.Трансфер до хотел. Сместување Ноќевање.

2 ден: МАДРИД

Појадок. По појадокот организирана пешачка тура разглед на Мадрид со водич Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, паркот El Retiro палатата Palacio Real de Madrid, фонтаната Cibeles, сончевата капија Puerta del Sol, стадионот Santiago Bernabe Враќање во хотел Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден: МАДРИДЕЛ ЕСКОРИЈАЛ

Појадок. Факултативна 5 часовна посета на Сан Лоренцо де Ел Ескоријал и Долината на паднатите борци. Ескоријал е импозантен комплекс кој ја претставува историската резиденција на шпанските кралеви и е симбол на шпанската моќ во 16 век, кој некогаш служел како манастир, музеј и училиште. Комплексот е изграден во средината на 16 век од Филип Втори, а денес е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Можност за посета на монументалниот споменик на Долината на паднатите, скулптура која ги комеморира жртвите од шпанската граѓанска војна. Слобдоно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден: МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок.По појадок се упатуваме на факултативна посета на Толедо. Град под заштита на Унеско прогласено како светско наследство во 1986 година. Толедо е извонреден музејски град кој своето наследство им го должи на Евреите, муслиманите и христијаните кои живееле таму, работејќи и заедно почитувајќи ја секој туѓата религија. Секоја од културите и нациите што поминале низ Толедо му подариле на градот подарок составен од богато архитектонско и уметничко наследство. Градските sидови, подигнати за време на римската ера, биле реконструирани и добиле модерен изглед од Арапите. Многу порти го обележуваат патот кон зидините а само, Puerta De la Bisagra, е порта која води кон историскиот дел од градот и носи грб на империјалниот град, и е единствената што ја задржа средновековната архитектура. Рагледот започнува со тврдината Алказар правоаголна тврдина со кули на секој агол. Една од важните знаменитости на Толедо е „Катедрал де Толедо“,чиј импресивен готски екстериер воодушува, а додека во внатрешноста на катедралата има музејски дел каде може да се видат дела од Караваџо, Ел Греко, Ван де Гог и др Разглед на Џамијата Кристо де ла Луз од десетти век единствената преживеана џамија од скоро десет што првично постоеле во градот. Синагогата Ел Трунсито од четиринаесетти век, Црквата Свети Тома, Мостот Сан Мартин кој потекнува од средината на 14 век.Прогласен е за национален споменик во 1921 година и нуди незаборавно место за уживање при заоѓање на сонцето. Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

5 ден: МАДРИД – ТИРАНАСКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на еден од музеите – Museo del Prado, Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofia, Museo Thyssen – Bornemisza. Во доцните попладневнит часови трансфер до аеродром. Лет за Тирана во 21:50ч. Слетување во Тирана наредниот ден во 01:10ч. Трансфер до Скопје.

 

ПРОМО ЦЕНА на аранжманот (ограничени места)
599€ / 37.140 ден

Редовна цена 649€ / 40.240 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Трансфер на релација Скопје – Тирана (аеродром) – Скопје;
  • Авионски превоз на релација Тирана – Мадрид – Тирана со WIZZ AIR со вклучени аеродромски такси и
    багаж со димензии до 8кг (мал багаж 40х30х20cm)
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром во Мадрид;
  • 4 нокевања со појадок во Hotel 3*
  • Полудневен панорамски разглед на Мадрид со водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Доплата за багаж до 10кг со димензии (50х40х23cm) инфо во агенција
  • Факултативен излет ТОЛЕДО 70€ со вклучен превоз, водич – Минимум 15 патника
  • Факултативен излет ЕЛ ЕСКОРИЈАЛ 65 € со вклучен превоз, водич – Минимум 15 патника
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување 300 денари
Напомени:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје – Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com

  • Included

    Авионски Превоз
    Автобуски Превоз
    Појадок
    Сместување
  • Not Included

    Организација на аранжманот
    Придружник од агенција
1

Tour Location

Leave a Reply:

Вредност/Пари
Дестинација
Оброци
Севкупно
Сместување
Транспорт