Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

МАЛТА

26.05-29.05. 2024

4 дена – 3 ноќи

1 ден 26.05 2024      СКОПЈЕ -МАЛТА

Состанок на групата Скопскиот аеродром 1230 часот  . Полетување за Ла Валета во 15.00  ч. Пристигнување во 16.45 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел Ноќевање.

2 ден 27.05  2024      МДИНА И ВАЛЕТА

Појадок.  Во пладневните  часови  факултативна  посета   на  Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот   Попатна посета на римокатоличка црква Ротунда од Моста, сместена во истоимениот град.. Покрај тоа што наликува на Римскиот Пантеон, има огромна купола која некогаш била трета по големина во светот. Таа е најголемата и најпознатата црква во Малта.

За време на Втората светска војна, во 1942 година, бомба тешка 500 килограми паднала врз црквата токму за време на миса, ја пробила куполата, паднала внатре и воопшто не експлодирала., Во попладневните  часови се  упатуваме низ сликовитите улички на Валета се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea… се до  вечерните   часови.Враќање во хотел  Ноќевање.

3 ден 28.05 .2024      МАЛТА–ГОЗО

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел..  Ноќевање.

4 ден  29.05  2024     МАЛТА- ТРИТЕ ГРАДА  – Marsaxlok -СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот можност за факултативен излет до Marsaxlok и трите града („Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea) .Панорамско возење и прошетка низ улиците на Vittoriosa се до видиковецот каде што се нуди поглед на големото пристаниште ( Grand Harbour),заминување према мирниот залив Marsaxlok – најпознатот рибарско село на Малта познато по типичните малтешки рибарски чамци( Luzzu) укотвени по целиот залив.Враќање  во хотел Трансфер до аеродром во 21.00 часот.Полетување за Скопје во 23,45 часот.Пристигнување во Скопје во 01.25 часот  наредниот  ден  

 

ЦЕНА за рана уплата 279€ / 17.300 ден. до 25.04.2024

Редовна цена 329€ / 20.400 ден.

Цената на аранжманот е по особа и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм , максимум 8 kg
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Гозо 45€
  • Факултативна посета на Валета и Мдина 40€
  • Факултативна посета на Трите Града  и Marsaxlok 45€
  • Влезници за културно историските музеи
  • Доплата за багаж – информација во агенција
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса се плака во хотел
  • Индивидуални трошоци

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 60% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.  

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

Важноста на пасошот мора да биде мин 6 месеца до денот  на враќањето

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com

 

  • Included

    Авионски Превоз
    Организација на аранжманот
    Појадок
    Придружник од агенција
  • Not Included

    Автобуски Превоз
    Сместување
1

Tour Location

Leave a Reply:

Вредност/Пари
Дестинација
Оброци
Севкупно
Сместување
Транспорт