Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Малта – азурно плаво море,златна обала,карпи кои го одземаат здивот. Архипелаг од три острови во срцето на Медитеранот, необичен спој на култури на бројните народи кои со векови се
присутни на овие острови, големо историско наследство и прекрасна природа се единствен спој со кој ке ве маѓепса оваа мала земја.

1 ден 07.03.2020         СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок со патниците на аеродромот Александар Велики во 17:50 часот. Директен лет за Малта со полетување во 19:50 часот, пристигнување во Малта 21:40 часот. По завршување на граничните формалности и преземање на својот багаж, следи трансфер до хотелоти сместување.Слободно време за одмор. Ноќевање.

2 ден 08.03.2020       МАЛТА

Појадок. После појадокотсе упатуваме низ сликовитите улички на Валетасе до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea..Факултативна  посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град),Посета на црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата. Можност за индивидуални прошетки и слободно време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

3 ден 09.03.2020 МАЛТА

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Можност за факулативна посета на некој од нокните клубови во познатата населба Paceville каде што забавата никогаш не престанува .  Ноќевање.

4 ден 10.03 2020МАЛТА

Појадок . По појадок напуштање на собите . Слободно време за индивидуални активности и  трансфер до аеродром . Поагање за Скопје со летот во15:35

 

Цена  249€/15,400,00 за рана уплата до 31.12.2019

РЕДОВНА ЦЕНА    299 € /18,500 денари

 

Цената на аранжманот е по особа и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со WizzAir со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 23 цм  до 8 кг
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Хотел на база 3ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Гозо45€
  • Факултативна посета на Мдина 35€
  • Доплата за багаж со димензии 55х40х25 до 10кг. 400 денари
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса во хотел се плака во хотел 1.5 евро на ден од соба
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со УПЛАТА на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.  

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

 

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com