Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.
  • Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.
[table “84” not found /]
Чудесните плажи на Кефалонија
  • Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala.
  • На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.
Крстарење до Закинтос
  • Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење до Закинтос, со посета на Blue Caves, местото Агиос Николаос и прекрасната плажа Навагио.
Цената на аранжманот вклучува:
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa
Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување
  •  
Напомена:
  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате во агенција
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.
  • Напуштање на собите е во 10:00 часот.
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.
  • Користење само на превоз е 99евра.
  •  

ВИЛА КИКИ

  • Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

ВИЛА АЛЕКОС

  • Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
    Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА АСТИР

  • Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.
  • Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.
Програма:
  • Плажа Миртос
  • Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.
  • Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.
  • Плажа Антисамос
  • Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.
  • Плажа Скала
  • Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  
  • Крстарење до Островот Закинтос
  • Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.
  • Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море
  • Главниот град на Кефалонија – Аргостоли
  • Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.
  • Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.
  • Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.
  • Етно Тура
  • Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.
  • На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.
  • Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.
  • Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.
  • Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.
  •  
  • Вечерен излет во Скала
  • Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com