Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Магично, но вистинито и незаборавно
доживување на Кикладските острови
Парос, Наксос, Делос, Миконос!

22.05-31.05.2020

(7 ноќевања со појадок + превоз + брод + пратител)

FIRSTMINUTE ДО 02.03.2020 -279€/17.300ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 299€/18.540 ден.
***МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ВО АГЕНЦИЈА***

Опис на островот
Островот Парос се наоѓа во централниот дел на групата острови Киклади, на само четири часа
пловење со брод од Пиреја, северно од Санторини. Ова е остров со златни плажи, со бројни
плантажи на лозови насади и маслинови дрва. Површината на островот е околу 186,5 км2 и должина
на обалата околу 120 км2. Островот Парос низ историјата бил познат по каменоломи на мермер од
кои се направени многубројни храмови. Како што велат и самите мештани на овој остров, спој од
најубавото на Миконос и Санторини можете да го доживеете само на Парос. Рестораните и
таверните на Парос се едни од најдобрите во Грција, како и златните песочни плажи и ноќниот живот
на истиот. Едноставно со посетата на Парос добивате два острови по цена на еден, од причини што
островот Антипарос е на 10 минути одалечен со брод каде ќе имаме можност заиндивидуална
посета на истиот. Главен град е Парикиа кој е изграден на остатоци од антички храм. Со бели мали
куќички, тесни поплочени улици. Ова мало, мирно гратче во текот на летото е многу посетуван од
туристи од целиот свет. Исто така многу значајни места како цркви, музеи, и замоци се: црквата
Catapolianiкоја е нареченацрквасо 100 врати, изграденавотрадиционален Византискистил,
археолошкимузеи, Венецијански замок, Аsklepion, Dilio, долината на пеперутките, манастирот
Logovardа, и посетанахристијанскидревенманастир.За љубители на грчката традиционална кујна,
виното, забава и градби од единствен стил, препуштете се на уживање и придружете ни се нас во
посета на овој остров, а за се останато за сите прошетки, посети, локалитети, музеи, ќе се погрижи
нашиот стручен локален водич кој што ќе ви ги долови убавините, традицијата, уметноста,
археологијата на најпопуларниот остров на медитеранот за 2018 година, островот Парос.
Програма на аранжманот:
1ден:22.05.2020 (петок) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 16:00часот. Поаѓање во
16:30часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински
формалности. Патувањето продолжува ноќно возење према Атина/Пиреа.
2ден: 23.05.2020 (сабота)ПИРЕА/АТИНА – ПАРОС
Пристигнување на пристаниште Пиреа/Атина во раните утрински часови, чекирање и сместување на
брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот по локално време, и пловење за Парос.Пристигнување
на Парос околу 11:30 часот. Трансфер од пристаниште до хотелот. Сместување. Време за одмор и
слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата можност за посета на Парикиа,
главниот град на Парос или посета на заливот таканаречен Науса – најживописниот дел од Парос!
Воодушевувачко место кое е прекрасно во текот на утрото и шармантно за време на зајдисонцето,
мало рибарско пристаниште со традиционални рибарски бродови таканаречени Каики, создава
уникатна глетка.Науса низ историјата имала големо значење на островот кадешто воедно била
пристаниште и седиште на Руската флота и трговски центар на островот. Денес ова гратче е преубаво
туристичко место има околу 1200 жители во текот на целата година каде што се изградени
многубројни нови куќи, но сепак овој град го задржал својот шарм каков што бил и претходно. Ќе
имаме можност за ноќно фотографирање и индивидуална посета на некоја од локалните таверни,
враќање во хотел. Ноќевање.

3ден: 24.05.2020 (недела) ПАРОС
Појадок. Слободно време, или факултативен целодневен излет – СКРИЕНАТА УБАВИНА на ПАРОС…ќе
имате можност да се сретнете со историјата, традицијата и модерниот живот на островот…средба
помеѓу просторот и времето на Парос! Парикија, главниот град на Парос, ќе биде нашата прва
дестинација. Можете да го посетите Археолошкиот музеј во Парос, посета на пост-Византиската
црква Ekatontapiliani (црква со 100 врати) една од најстарите цркви на Медитеранот – датира уште од
4.век од Новата Ера, прошетка помеѓу тесните улици на Парикија каде ќе се сретнете со сите
различни архитектонски стилови, се до замокот на Франките (Крстоносците) и терасата на античкиот
храм на Атина – божицата на мудроста…за цело времетраење од околу 2 часа (колку е предвидено за
посета на Парикиа) – ќе имате одлични моменти за фотографии…20 минути возење не делат до
нашата втора дестинација, Науса – најживописниот дел од Парос ! Воодушевувачкото место Naoussa
е прекрасно во текот на утрото и шармантно за време на зајдисонцето. Малото рибарско
пристаниште со традиционалните рибарски бродови т.н. kaique (каики), создава уникатна глетка.
Бело – измиените улички, од модерните времиња Ве враќаат во некоја друга ера и Ви нудат можност
да се чувствувате како скапоцен пријател на островот…во втората половина од 18.век, ова
пристаниште било седиште на Руската флота и трговски центар на островот…посета на црквата
Св.Атанасиј (17.век), можност за посета на некој од неколкуте Византиски музеи кои поседуваат
икони од 12 и 13 век…нашето патување продолжува кон Лефкес – автентично село, едно од двете
планински села на островот – 400 м. над нивото на морето. Таму некој може да ја посети куќата на
литературата, неокласичните згради и прекрасните мали плоштади. Црквата AgiaTriada (Св.Тројство)
гордо стои на највисоката точка и ги поздравува сите гости. Се упатуваме кон Marpissa – селото што се
именувало по истоимената преубава нимфа…тоа е доминантно во источниот дел на островот. Се
смета за еден од најубавите со бројни капели, убави урбани Кикладски куќи и фолклорен музеј каде
традицијата е зачувана. Покрај тоа, тука се наоѓа и музејот на скулптурата – НиколаосПерантинос,
еден од најпознатите скулптори на 20. век во Грција. Се упатуваме кон местото PisoLivadi – убаво
мирно рибарско пристаниште близу плажата Логарас…тоа е одлично за пауза и индивидуален ручек,
каде ќе можете да уживате во специјалитетите кои Ви ги нудат локалните таверни…нашата последна
станица за денес е Дриос – мирна зелена оаза, кое може е мало село, но е иновативно! Ќе најдете
исклучителен мини-пазарAnousakis со ретки и внимателно избрани гурмански производи од
интернационалната кујна. Локалните жители на Дриос се отворени и среќни и сакаат да ве водат
околу областа. Многу локални жители призведуваат земјоделски производи и одгледуваат добиток,
па лесно ќе најдете свежи локални овошја и зеленчук, вино, сума, мед, јајца и локално сирење –
директно од производителите или од локалните продавници за храна. Враќање во хотелот во раните
вечерни часови. Слободно време. Ноќевање.
4ден:25.05.2020 (понеделник) ПАРОС– НАКСОС – КОУФОНИСИ
Појадок.По појадокот околу 09:00 часот поаѓање на факултативна екскурзија, крстарење со
традиционален каики брод, капење и скара/ручек на брод. Во 09:30 часот заминување од Писо
Ливади и се упатуваме со брод према заливот АгиосКостис кој се наоѓа на југ од островот Наксос. Тоа
е живописен залив каде ќе имаме можност за разглед и капење во кристално чистото море.
Продолжуваме кон југ во пештерите на местото КатоКоуфониси. Посета на уникатните пештери на
Гларониси, кое е мало островче помеѓу Като и Пано Коуфониси, овде се задржуваме и имаме
можност за слободни водени доживувања. Потоа се упатуваме на јужниот дел на КатоКоуфониси
каде ќе имаме слободно време уживање, пливање и ручек (вклучува:месо на скара-суфлаки 350гр,
грчка салата, цазики, росики салата, овошје и пијалоци-вода, вино, узо, пиво, сокови). По капењето и
ручекот на брод се упатуваме према пристаништето на Коуфониси за да го видиме истото село
одблизу, каде ќе ни биде и последна станица за сончање и водени доживувања во прекрасната
пештера Рина која што се наоѓа на крајбрежјето на островот Наксос. Со ова завршува оваа
факултативна екскурзија каде што имаме можност да го видиме јужното крајбрежје на островот
Наксос. Околу 16:30 часот пловење за Парос-Писо Ливади, околу 18:30 часот пристигнување на Парос
и трансфер до хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
5ден: 26.05.2020 (вторник)

Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање.
6ден:27.05.2020 (среда)ПАРОС
Појадок. Ден за слободни активности. (Препорака,во договор со групата можна факултативна
екскурзија до островот Антипарос каде ќе имаме можност да ги доживееме убавините и на овој
остров и преубавите песочни златни плажи, со попатно застанување на крајбрежјето на селото Агиос
Георгиос каде ќе имаме организиран ручек на плажата PANAGIA DESPOTIKO, потоа посета на
вулканската морска пештера која крие многу тајни за овој регион Епитаф која се наоѓа во Мастихари.
Оваа екскурзија трае се до 17:00 часоти чини 60 евра). Ноќевање.
7ден:28.05.2020 (четврток)ПАРОС -ДЕЛОС – МИКОНОС
Појадок. По појадокот факултативно со автобус со стручен локален водич се упатуваме према
пристаништето на Парос – Наусаод каде со брод ќе испловиме према островот Делос и Миконос.
Прва станица ќе ни биде посета на островот Делос кој претставува стар археолошки град (музеј), каде
сите они коишто имаат желба да влезат во археолошкиот град индивидуално треба да платат
влезница по цена на чинење на каса заедно со стручниот локален водич кој ќе ги води низ
археолошкиот град. По дво-часовната посета на островот Делос со истиот брод се упатуваме према
најпознатиот космополитски остров во Грција Миконос рај во срцето на Кикладските острови. Овде
со нашиот локален водич на ова патување ќе можете да откриете фасцинантен свет, каде што
гламурот се спојува со едноставноста. Според митологијата Миконос е остров кој настанал од
скаменетите тела на џиновите од страна на Херкулес, најпознатото сценско ќоше на островот е
ALEFKANTRA или така наречена мала Венеција, која датира од 18-ти век. Тоа е област во која
доминираат куќички на големите капетани, со шарени балкони, и стилски прозорци, со балкони
издигнати над морето токму како да ви поминуваат пред вас слики од познатиот италијански град
Венеција, пробајте да се релаксирате на брегот пиејќи кафе и восхитувајте се на погледот кон
големите ветерници, поставени на ридот пред вас кој што ќе имаме можност да ги видиме и да се
фотографираме пред истите. Центарот на Миконос, така наречен Хора е место каде може да започне
нашето откривање на гламурот на островот, прекрасните плажи и така шетајќи надвор од летната
сезона може да наидеме на средба со познати личности како дел од гламурот на Миконос, кои
главно ги посетуваат пред бурната летна сезона. Во попладневните часови враќање премаПарос,
трансфер до хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
8 ден 29.05.2020 (петок) ПАРОС
Појадок. Ден за слободни активности, одмор и рекреација. Ноќевање.
9 ден 30.05.2020 (сабота) ПАРОС – АТИНА/ПИЕРИА
Појадок. Време за слободни активности, се до 12:00 часот по локално време кога ќе ги напуштиме
собите. Слободно попладне се до 17:00 часот. Околу 17:30 часот се упатуваме према пристаниште и
околу 19:20 часот чекирање на брод и пловење кон Пиреа. Пристигнување во Атина/Пиреа околу
23:00 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи и царински
формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 31.05.2020 во раните утрински часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
 7 ноќевања со појадок во хотел 3*на Парос.
 Превоз со високо туристички автобус на релацијаСкопје-Парос-Скопје(кој е на располагање и
наПарос)
 Бродски билет на релација Атина/Пиреа-Парос–Атина/Пиреа, економска класа BLUE STAR
 Трансфер пристаниште–хотел-пристаниште(со истиот автобус со кој патуваме)
 Пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој
 Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 Факултативен излет опишанво 3ти ден (превоз со автобус + локален водич мин. 30 лица) -35€
по лице / ПРЕПОРАКА !
 Целодневно Крстарење со традиционален каикиброд со капење на јужното крајбрежје на
островот Наксос и ручекна брод, опишана во 4ти ден (KOUFONISSI TRIP) – 90€ по лице/
ПРЕПОРАКА !
 Посета на островите Делос и Миконос опишани во 7ми ден (трансфер + брод + локален
водич) -75€по лице
 Сите трансфери и прошетки надвор од програмата по желба на патниците во договор со
пратителотхотел-Парикиа-Науса-ПисоЛивади-Марписа-Лефкес-Дриос – хотел и други познати
градчиња на островот-5€ по лице
 Туристичка такса се плаќа во хотелот 1.5€ по лице
 Доплата за едно-креветна соба1/1 се доплаќа 6.990 денари
 деца од 0год.-1.99 год. бесплатно во хотел со двајца возрасни и не користи кревет плаќа само
превоз со автобус 40€/2.480 денари
 деца од 1.99 год.- 5.99 год. плаќаат 99€/6.138денари (само превоз+бродски билет) спиесо
двајца возрасни и не користи креветво хотел
 деца од 6 год.-11,99 год. плаќаат 187€/11.600 денари
 Факултативни излети за деца до 5.99 години се бесплатни
 Факултативни излети за деца до 11.99 години се плаќа 50% од сумата
 Задолжително патничко и здравствено осигурување
 Влезници за музеи и локалитети
 Индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:
 За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.
 За реализација на сите горе наведени факултативни излети потребен е минимум од 25 патника.
 Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби (2+1).
 Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
 Агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од
претходно понудениот.
 За резервација задолжителнаULTRA FIRSTMINUTE понуда уплата на аванс од 50% од вкупниот
износ, целосна доплата 15 дена пред патување.
 При резервација и уплата на аконтација задолжително пријавување кои од понудените
факултативни екскурзии ќе ги користи патникот .
 Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да проверат
дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
 Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното
време и место на поаѓање .
 Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
 За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ФЛАЈТУРИЗАМ клуб
Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку
има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на
редоследот и часот на факултативните излети.
ЦЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ САМО ПРЕВОЗ И БРОДСКИ БИЛЕТ СКОПЈЕ-ПАРОС-СКОПЈЕ:
 Превоз со високотуристички автобус 80€/4.960 денари
 Бродски билет Пиреа/Атина – Парос–Пиреа/Атина83€/5.150 денари

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:
 Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
 Бродски превоз по лице 41.50€/2.573 денарипо правец (економска класа)
ДОПЛАТА ЗА :
 Авионски седишта на брод25€/1.550 денари по правец
 Бизнис класа на брод35€/2.170 денари по правец
 Кабина за спиење на брод89€/5.520 денарипо правец
Информации и резервации на 02-3121-166 , 075-27-28-43 ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14