Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

                             ДА ЛЕТУВАМЕ НА ХАЈМОНДЕНСКИОТ ОСТРОВ

                                             САНТОРИНИ 2022

 

8 денa/6 ноќевања (хотел + појадок + превоз + брод + трансфер)

                                                 (28.08-05.09.2022)

Да летуваме на Санторини, во  Периволос , на најмонденскиот остров со бели куќички и небесно плави куполи, прекрасни песочни плажи налик на кадифен килим , со најповолни временски услови за годишен одмор, прошетки, сончање, капење, температура на воздухот од 30-37 целзиусови степени, со екстра поволни цени за сечиј џеб. Едноставно кажано, дестинација што не треба да ја пропуштите да ја посетите во овој период од годината, која ќе Ви овозможи да го доживеете годишниот одмор од соништата.

 

ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈА

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви  е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме Санторини се наоѓа  во Егејското Море и припаѓа на групата острови  Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према  вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наоѓа варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дува североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.

Жителите на Санторини  претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во локалните таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата, на 260м. над површината на морето.

 

01 ден – Скопје – Атина (Пиреа)

Состанок во 15.00 часот на паркинг Борис Трајковски (спортска сала). Тргнување од Скопје во 13.30 часот. Патот води преку граничен премин Богородица/Евзони време за гранични формалности и попатни паузи.

 

02-7 ден – Атина (Пиреа) – Санторини (брод)

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Поаѓање (пловење) за Санторини со брод BLUE STAR во 07.25 часот. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот. Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевањa.

 Слободни активности,индивидуални прошетки, плажа, сончање , можност за организирање ФАКУЛТАТИВНИ излети и посета на најатрактивните локации, кои го отсликуваат како монденски остров кој е познат како таков во целиот свет. Ноќевање.

 

 Факултативни излети кои ќе се реализираат и организираат во текот на Вашиот престој

-Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини….5 еур

– Вечерна посета на OIA – Санторини….5 еур    

– Целодневна екскурзија и разглед на островот и посета на OIA и прекрасен залез на сонцето(автобус+ водич) ………………………………………….35 еур                                                                                                                 

 -Целодневна екскурзија со брод (автобус/трансфер + водич+брод)….45еур                                                                                                                                   

 -Посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино…………………………………………………………………………………………….20 еур                                                                                                                

 08 ден – Санторини – Атина (Пиреа)

Слободно време. Во 13 часот по локално време трансфер до пристаниште. Поаѓање(пловење) за Атина (Пиреа) во 15.30 часот. Пристигнување во Атина (Пиреа) во 23.30 часот. Продолжување на патувањето кон Скопје.

Пристигнување во Скопје нареден ден во утринските часови.

*Сместувањето е во хотел 3* ILIADA-ODYSSEAS RESORT 

  на база ноќевање со појадок во  ПЕРИВОЛОС на само 50м од преубавата плажа Black Sandy Beach, која изобилува  ресторани, традиционални таверни , beach барови со дневни и ноќни забави. Собите се( двокреветни )1/2 и (трокреветни)1/3, (четворокреветни) 1/4. Секоја соба располага со сопствено купатило, балкон, tv, ac, wi-fi,фен,фрижидер,сет пешкири,средства за лична хигиена.Хотелот поседува 3(три базени) отворен шанк/бар, лежалки околу базен. Секојдневно одржување на хигиена на собите, промена на пешкири по потреба, а секој трети ден промена на постелинина.

 

Цена за пакет аранжман по лице за 6 ноќевања во хотел  со појадок + превоз + брод+ трансфер на островот + пратител за целиот ваш престој по особа за сместување во 1/2 ,1/3 и 1/4 соби

Дата на тргнување и пристигнување во СК 28/08/2022

05/09/2022

  Ноќевања 6 нп
Цена на аранжман по лице  

                  519*/          / 559

              32.180ден /34.660ден

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ         559 ЕУР/ 34 660 ДЕН

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 15.08.2022  519 ЕУР/32.180  ДЕН

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

-6 ноќевања со појадок во хотел 3* ILIADA-ODYSSEAS RESORT во Периволос во

1/2, 1/3 и 1/4  соби по лице.

– Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Атина (Пиреа)-Скопје.

– Бродски билет  на релација Атина (Пиреа) – Санторини – Атина (Пиреа) – економска   класа BLUE STAR.

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште .

-пратител и претставник на островот за целиот Ваш престој.

– организација на аранжманот.

– асистенција на локален водич на островот.

 

Во цената не се вклучени:

– Факултативни излети

– Задолжително патничко и здравствено  осигурување.

 Услови/напомена:

-за сместување во 1/1 соба се доплаќа + 70% од цената на хотелското  сместување

– деца од 0год-1.99 год. бесплатно со двајца возрасни и не користи кревет.

деца од 2год-5.99 год. плакаат 150 еур/9300 ден(само превоз+бродски билет) и не користи кревет.

деца од 6 год-11,99 год плаќа минус 20% од вкупната сума на аранжманот по лице

– За реализација на оваа програма потребен е минимум од 40 патника.

 

Цени за користење само превоз и бродски билет Скопје-Санторини-Скопје:

 –Превоз со високотуристички автобус+бродска карта 160€/4960 ден.

 

Напомени:

-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 50% од целосната сума на аранжманот и фотокопија од пасош.

-Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 15 дена пред тргнување.

-Терминот даден во табелата е непроменлив. Деновите дадени во табелите се денови на тргнување и пристигнување. Ве молиме минмум 24часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на Вашата  резервација, како и за времето и местото на поаѓање.

-Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот за факултативните излети, и отказ на аранжманот од страна на агенцијата 5 дена пред поаѓање.