Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ

САНТОРИНИ
период:16.04-21.04.2020

ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% ДО 29.02.2020- 195/12.090ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 215€/13.330ден.

***МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ВО АГЕНЦИЈА***

 

Опис на островот

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA,на260 м над површината на морето.

1ден16.04.2020 (четврток)СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн – Дрводекор во 15:30часот.Поаѓање на автобусот во 16:00часот, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2ден17.04.2020 (петок) АТИНА/ПИРЕА -САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини.Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во хотел во Камари или Периса.Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови околу 19:00 или 19:30 часот се упатуваме на факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен  традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со свеќи од смола кои горат како илјадници запалени сијалички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. Ноќевање.

3ден 18.04.2020 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 2,5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште – Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Слободно време се до 17:00 часот и околу 17:00 часотсе поаѓа на факултативна посета на најмонденскиот град/општина OIA каде ќе имаме време и можност за индивидуална прошетка во најмонденскиот дел од Санторини и ќе бидеме сведоци на најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари или Периса. Време за одмор и слободни активности. Во доцните вечерни часови (Велика Сабота) подготовка за традиционална индивидуална посета на некоја од православните цркви во Камари или Периса каде се чествува Христосовото Воскресение.По црковните ритуали и невообичаените огномети враќање во хотел. Ноќевање.

4ден 19.04.2020 (недела) – САНТОРИНИ
Појадок
. По појадокот околу 09:30 или 10:00 часот во договор со група заминување на факултативна екскурзија разглед на островот. Посета на Мегалохори место кое има митска историја преубав поглед на калдерата, посета на најстарата црквичка Св. Никола, посета на археолошки град Акротири (за сите оние кои што имаат желба да влезат во музејот во Акротири, индивидуално се доплаќа влезница по цена на чинење на каса), посета на црвената плажа попозната како RED BEACH, Манастирот St.Ilijas кој се наоѓа на највисоката точка на Санторини, и монденскиот град Фира се до 15:00 часот. Во договор со групата индивидуален Велигденски ручек во Фира, Периса или Камари каде традиционално се спрема јагне на жар, далеку познатите кукуреци на жар и традиционална за овој ден јагнешка чорба – ,,Магирица’’, се разбира и голем избор на риба и морска храна.По индивидуалниот ручек време за одмор, индивидуални активности. Ноќевање.

5ден20.04.2020 (понеделник) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокотнапуштање на собите помеѓу 10:00 и 11:00 часот. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија/музеј во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14:00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25 часот.  Ноќно пловење према Пиреа/Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30часот по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 21.04.2020 во раните утрински часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

  • Превоз со високо туристички автобусна релација (кој е на располагање и на Санторини)
  • 3 ноќевања со појадок во Камари или Периса, хотел 3*
  • Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина
  • Трансфер пристаниште – хотел –пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)
  • Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој
  • Организација и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечерна посета на селото Пиргос (превоз и водич, 2ри ден по програмата ) – 10€
  • Екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, 3ри ден по програмата) – 35€
  • Попладневна посета на ОИА најмонденски град на Санторини(3ри ден по програмата) – 10€
  • Екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич,4ти ден по програмата) – 30€
  • Посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програмата) – 18€
  • Ручек/вечера (Фира/Камари/Периса индивидуално по желба на патниците)
  • Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.
  • Дете до 1,99 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.
  • Прво дете до 6,99 години, а не користи кревет спие со двајца возрасни, плаќа само превоз+брод – 130€/8.060 ден.
  • Второ дете до 11,99 години со двајца возрасни плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително здравствено патничко осигурување

 

НАПОМЕНА :

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Хотелите се со3* (Периса, Камари) се одредуваат во зависност од големината на групата. Во кој хотел ќе бидат сместени патниците ќе бидат информирани 5-7 дена пред тргнување, но агенцијата има право за промена на хотелот во случај да добие подобра категорија на хотел од претходно понудениот.
  • Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
  • Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.
  • За уплати на “ULTRA FIRST MINUTE” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
  • Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата и редоследот на факултативните екскурзии.
  • При резервација и уплата на аранжманот задолжително пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот до 5 дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ФЛАЈ ТУРИЗАМ клуб
  • Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИТЕ:
ЦЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ САМО ПРЕВОЗ И БРОДСКИ БИЛЕТ СКОПЈЕ-САНТОРИНИ-СКОПЈЕ:

  • Превоз со високотуристички автобус 99€/6.140 денари
  • Бродски билет 83€-86€/5.146-5.332 денари

 

ДОПЛАТА ЗА :

  • Авионски седишта на брод25€/1.550 денари по правец
  • Бизнис класа на брод35€/2.170 денари по правец
  • Кабина за спиење на брод89€/5.520 денари по правец

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

  • Бродски превоз за автомобил 100€/6.200 денари по правец
  • Бродски превоз по лице 50€-43€/2.573-2.666 денари по правец (економска класа)

Информации и резервации на 02-3121-166 , 075-27-28-4