Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

24  МАЈ –САРАНДА-КСАМИЛ

1 ДЕН: 20.05.2021 – Четврток

               Состанок со групата во 22.00 час. спроти хотел Холидеј Ин, 22.30 часот поаѓање за Саранда. Се патува преку граничен премин Ќафасан, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН: 21.05.2021 – Петок

               Пристигнување во Ѓирокастро  во утринските часови. Ѓирокастро или Аргирокастро  или во превод Сребрена тврдина – е средновековен град во Јужна Албанија – заштитен од UNESCO , познат по својата каракеристична архитектура и старата турска чаршија и калдрма. Исто така Ѓирокастро е познат како родното место на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, познатиот писател Исмаил Кадаре и сл. Разглед на Ѓирокастро, стариот град, чаршијата, калето, посета на родната куќа на Енвер Хоџа – која сега е музеј. Во пладневните часови поаѓање за Саранда. Пристигнување во Саранда во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН: 22.05.2021 – Сабота

               Појадок. После појадокот во договорено време организирана факултативна целодневна посета на туристичкото место Ксамил и националниот парк Бутринти, кое се наоѓа на 12 км. оддалеченост од Саранда. Ксамил изобилува со прекрасни песочни плажи , декорирани со прекрасни островчиња. Целодневна релаксација во Ксамил. Во попладневните часови враќање за Саранда. Ноќевање.

 

4 ДЕН: 23.05.2021 – Недела

               Појадокот. После појадокот разглед на градот Саранда и целодневна релаксација во Саранда. Ноќевање.

 

5 ДЕН: 24.05.2021 – Понеделник

               Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Македонија. Попатна посета на природниот феномен ПЛАВО ОКО или SYRI I KALTER.   Плаво око претставува природен феномен т.е извор на кристално чиста вода, чија што длабочина сеуште не е доволно истражена, се претпоставува дека длабочината изнесува минимум 50 м. Со самото тоа претставува туристичка атракција која минатото била резервирана за посета само за високите комунистички функционери. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

 

Х.Пини 3* – 3НП 89€ (по лице )
Апп.сместување 69€ ( по лице )

 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • 3 ноќевања со појадок во Хотел Пини 3 * – Саранда ( во центарот на градот покрај сама плажа) или Вила Владимир –  апп.сместување во центар на градот – на 50м. Од плажа
  • Превоз до наведената релазија
  • Посета на Ѓирокастро и Плаво Око
  • Организација и техничко водство во текот на целото патување

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко – здравствено осигурување – 180 мкд.
  • Посета на Ксамил и Бутринти – 5 €

 

НАПОМЕНА:

  • За сопствен превоз се одбива 15 € од цената
  • За деца до 6 год. Бесплатно – плаќаат само седиште за автобус 30€
  • Деца од 6 – 14 год. Попуст 30% на цената
  • Поаѓања од: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга
  • Во текот на патувањето ќе се почитуваат сите ковид протоколи

 

Инфоримации и резервации на 075-272843  076-272843

Флај Туризам-Палома Бјанка 1 кат