Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

КАТАНИЈА- ТАОРМИНА- ПАЛЕРМО-СИРАГУЗА
22-26 Април 2020
Сицилија е најголемиот остров на Медитеранот, со уникатна убавина. Недопрена природа, со бајковити
пејзажи на вулканот Етна, магија и мистерија за запрено време во сицилијанските села, градови со
фасцинантна архитектура, споменици достојни за внимание, чисто море, богата и разновидна

гастрономска понуда, весели и пријателски домаќини

А доколку сте и љубител на легендарниот филм Кум, приказните за мафијата, сицилијанските села, Коза

ностра, Америка, тогаш ова е совршено патување за вас…

22. 04.2020 СКОПЈЕ-СОФИЈА
Поаѓање од Скопје ,– 23,00 Трансфер до аеродромот во Софија
23. 04. 2020 СОФИЈА-КАТАНИЈА-ТАОРМИНА-ЛЕТОЈАНИ
Полетување за Катанија во 06,00 часот Пристигнување во Катанија во 07,00. Панорамски разглед на градот Катанија
втор по големина град во Сицилија. Бидејќи се наоѓа под Етна, постојано е уништуван и изградуван , во барокен стил, претежно во сива боја , а градот што го гледаме денес го добил својот изглед по големиот земјотрес од 1693
година.Посета на Пјаца Дуомо, катедралата Санта Агата,Виа Етнеа-една од главните улици полна со продавници и
кафулиња, и прекрасен поглед на врвот на Вулканот Етна Заминување до живописната Таормина, еден од најубавите мали градови во Италија, изграден на ридот Монте Тауро со фантастичен поглед на околината. Прошетка низ градот.
Одвојте време за град каде што ќе сакате да останете. Слободно време за прошетка низ живописните улици на еден
шармантен мал град, посета на знаменитостите ,факултативен ручек .. Сместување во хотел во Летојани Слободно
време Вечера Ноќевање
24.04.04.2020 ЛЕТОЈАНИ -ПАЛЕРМО
Појадок. Слободно време за одмор или факултативна екскурзија за Палермо. Палермо е главен и најголем град на
Сицилија, кој се наоѓа на бреговите на Тиренското Море во најубавиот залив .Порано моќна престолнина на кралството Сицилија, град богат со споменици на специфична арапско-норманска архитектура под заштита на УНЕСКО. Патот до Палермо поминува низ срцето на Сицилија и живописни предели на подножјето на Етна. Пристигнување во Палермо и панорамско разгледување на градот: Умберто Корсо, плоштад Каттро и плоштад Преторија, театар Масимо, катедралата во која членовите на кралското семејство на Сицилија биле крстени, стапиле во брак и биле погребани. На враќање посета на најголемиот и најпознатиот трговски центар во Сицилија – Sicilia outlet village Комплексот се состои од над 100 продавници на познати брендови Трусарди, Версаче, Гучи, Армани, Зегна, Хоган, Ферари, , Најк, Манго…
Покрај уживањето во шопингот, можете да се одморите во бројни ресторани, барови … Враќање во хотел Вечера
Ноќевање
25.04.2020 ЛЕТОЈАНИ -СИРАГУЗА
Појадок Слободно време за одмор или факултативно целодневна екскурзија ,патување до Сиракуза, еден од
најубавите градови на Сицилија. Сиракуза е град што го нарекуваат бел бисер на Јонското Море, изграден од бел
мермер. Стариот град се наоѓа на Ортидија, најмалиот остров во Сицилија. Поранешниот најбогат и најмоќен антички грчки град, родното место на Архимед и омилениот град на големиот сликар Караваџа. Екскурзијата вклучува прошетка низ барокната сиракуза на островот Ортидија и истражување на богатото наследство на градот: Храмот на Аполо, плоштадот Архимед, фонтана Дајана, Пјаца Дуомо, обиколка на катедралата изградена врз темелите на античкиот грчки По разгледувањето, слободно време во центарот на Ортидија за индивидуални активности, пешачење, шопинг. Враќање во хотел, вечера, ноќевање
26.04.2020 ЛЕТОЈАНИ –СОФИЈА-СКОПЈЕ
Појадок Напуштање на хотелот .Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до
типичните сицилијански села Форца д Агро и Савока, во кое е снимен легендарниот филм „Кум 1“, со феноменална
приказна за сицилијанската мафија. Прошетка низ лавиринтот на малиот град Форка Д Агро, каде сицилијанските
кралеви го изградиле својот прв двор и летна резиденција на 400 метри надморска височина, а потоа се упатуваат кон Савока. Савока е место што сè уште ја издвојува типичната атмосфера поврзана со мафијата и филмот Кум Турата. Разглед на Етнографскиот музеј во Савока, катедралата Св Луција, кратка пауза со канола (типична сицилијанска торта), еспресо во барот Вители местото каде се снимани делови од филмот Кум меќу кои и легендарната свадбена сцена од филмот со Ал Пачино . Урбаната легенда кажува дека барот е во сопственост на сињора Марија ( или нејзините потомци) која во филмот го глумеше ликот на мајката на Аполонија
Трансфер до аеродром во 19,30 часот Полетување за Софија во 21,55. Пристигнување во Софија наредниот ден во 00,40 мин. Трансфер до Скопје. Пристигнување во 04,00 часот

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349€ / 21,600.00 мкд

За уплата до 10.02.2020

Во цената е вклучено :
-Трансфер на релација Скопје –Софија(аеродром)-Скопје;
-Авионски превоз на релација Софија-Катанија-Софија со Wizz Air со вклучени аеродромски такси и багаж со
димензии до 8 кг/мал багаж 40х20х25см.
-доплата за багаж 55 х 40 х 20 цм 2,400,00 во двата правци
-Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Катанија
-3 нокевања на база полупансион ( појадок и вечера ) во хотел 3* во Летојани
-Полудневен панорамски разглед на Катанија и Таормина
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
-Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
-Туристичка такса – 2 евра по лице по ноќевање
– Влезници за локалитети и карти за локален превоз
•Факултативна посета на Палермо 50€(минимум 15 патника)
•Факултативна целодневна посета на Сарагуза 35€ (минимум 15 патника)
•Факултативна посета на селцата Форца д Агро и Савока местата на снимањето на филмот КУМ 35€(минимум 15
патника)
-Патничко осигурување 180 денари

НАПОМЕНИ:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна
доплата 14 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени
патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и
промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши
исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена
нa минимум 15 патника пријавувањето е при резервација во агенција.
Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ КЛУБ

Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66, 075/272-843 www.flyturizam.com, e-mail: contact@flyturizam.com