Вила „Elena Nina“ – Скала Потамиа
Вилата се наоѓа на 150 метри од најубавата плажа на островот Golden Beach. Во близина има супер маркет, таверни, а центарот на Скала Потамиа е на околу десетина минути пешачење. Опкружена е со голем двор во кој се поставени гарнитури за седење а има и тобоган за деца. Околу вилата има доволно места за паркинг за гостите кои доаѓаат со сопствен превоз. Вилата поседува wi-fi и клима уред (вклучен во цената). Апартманите се сместени на високо приземје и прв спрат и во секој од нив има ТВ, тераси и комплетно опремени кујни. Сите апартмани содржат брачен кревет во спалната соба и кревет на расклопување во кујната каде што може да се сместат двајца возрасни.
[table “37” not found /]Напомена:
- Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
- Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
- За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
- Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
- За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
- Во секое од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во апартманот
- Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
- Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е до 09 часот по локално време
- Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.
Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
- возрасни: 50 €
- деца од 2 до 12 години: 35 €
- деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)
Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.
Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата