Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Вила “Theano”, се наоѓа во строгиот центар на Калитеа односно на самата пешачка зона и на околу 150m од плажа. Вилата располага со 1/3 студија и 3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални. Секое студио / апартман е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, фен, балкон (масичка со столчиња) со поглед на шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет. Пиејќи го кафето на вашата тераса и прекрасниот поглед кон шеталиштето, имате чувство исто како да сте во некоја кафетерија. 

EARLY BOOKING

15% попуст за уплата до 01.03.2019
10% попуст за уплата до 01.04.2019

[table “54” not found /]

НАПОМЕНА

 

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио и 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата (на булеварот);

–  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

 

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување.