Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

КАКО НАЈЛЕСНО ДО ВАШАТА ОМИЛЕНА ДЕСТИНАЦИЈА?

Патувањето за некого претставува бегање од реалноста, за некого нова авантура, или пак релаксација за полнење со позитивна енергија. Во секој случај едногласно ќе се сложиме дека по завршувањето на секое патување се чувствуваме посмирени, поенергични и побогати за уште едно искуство.

Во летните топли денови и покрај високите температури, секојдневните обврски мора да се завршат. Единствен начин да го почувствуваме летото и да уживаме во сончевите зраци и убавините што ни ги нуди ова годишно време е да посетиме некоја од примамливите летни дестинации.

Тиркизно море, бели песочни плажи, 24 часовна забава или пак вистински релаксиран одмор – изборот е ваш, а сега сето тоа е лесно остварливо со туристичката агенција Флај Туризам. Оваа агенција се грижи секој да може да го оствари својот одмор од соништата, нудејќи аранжмани за секоја дестинација која ќе си ја посакате. Израел, Сингапур, Бали, Малдиви, Тајланд, Куба, Мароко повеќе не се само егзотични дестинации од соништата, со понудите на Флај Туризам отсега ви се на дофат.

Доколку се одлучите за некоја поблиска дестинација, сигурно ќе сакате да ја посетите областа Агиос Јоанис – Пилион, каде што заборавате на грижите и проблемите и се препуштате на раскошното зеленило, кое се претопува во морските длабочини. Надворешната страна на полуостровот е  споена со источниот дел од планината Пилион која навистина изгледа преубаво, романтично и фасцинантно.

Целиот овој масив од природа изобилува и со 24 села расфрлани по целата област и така поминувајки низ сите овие убавини се пристигнува Агиос Јоанис, со преубава песочна плажа, тиркизно сино море, преплавено со хотели, вили, апартмани, локални таверни, кафетерии, маркети, пекари.

Нашиот втор предлог за уживање на блиска дестинација е прекрасното туристичко место Неа Анхиалос. Се наоѓа на само 15 км од градот Волос, односно на само  435 км од Скопје. Благодарение на неговата убава природа и чисто море, спојот на мирот и космополитскиот живот, но пред се чистата околина и гостопримството на локалното население, го претвораат во најпознато туристичко гратче.

Неа Анхиалос изобилува со многу барови, таверни долж целата плажа и ноќен живот за сите генерации кои ќе ја посетат оваа дестинација да доживеат прекрасни мигови за време на годишниот одмор.

 

 

Безброј примамливи локации, а со тоа и безброј причини да се одлучите за Флај Туризам и да си дозволите вистинско хедонистичко уживање за време на летниот одмор.