Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

МАГИЧНАТА АНДАЛУЗИЈА

Малага – Севиља – Кадиз –  Гранада – Кордоба – Марбеља – Ронда

02.11-09.11.2024
Авион 8 дена

1 ден СКОПЈЕ –СОФИЈА

Состанк на  групата во 22:00ч. пред  Дрводекор. Трансфер  до аеродромот во Софија  

2 ден СОФИЈА –  МАЛАГА / СЕВИЉА

Лет од Софија за Малага   во 12:05ч. Пристигнување во Малага  во 15:10ч. Панорамски разглед на Малага- град   полн со историја но  и елементи на  пулсирчки  модерен живот. Родното место на Пабло Пикасо во кој е познатиот музеј  посветен  токму нему. Разглед на маварската тврдина Gibralfaro и палатата  Alkasaba, за која велат дека е рамна на  тврдината Алхамбра  во Гранада   Plasa de la Mersed, Plasa de Toros, La Malageta,стариот дел од градот Plasa de la Konstitusion. Трансфер  до хотел. Сместување во хотел во Севиља.  Ноќевање

3 ден СЕВИЉА (факултативно)

Појадок Панорамски турнеја на еден од најубавите градови во Андалузија: -Градот на Кармен Дон Ж уан, Фигаро, Овој шарен и прекрасен град е поделен на две половини со реката Гвадалкивир Уживајте во прекрасните погледи на Севиља со брод (факултативо). Градот на фламенгото Паркот Марија Луиза – градска зеленета површина прошарана со мали улички, фонтани, и езерца.Плоштадот Plaza de Espana-место то кое ќе ве остави без здив. Граден во форма на полукруг со аркадни куполи,на који се наоѓаат десетина клупи украсени со azulejo плочки и секоја од нив ги престаува десетте шпаснки провинции со име и мапа на истата. Санта Круз стариот еврески кварт – бели улички, цветни дворови, мали плоштадчиња со палми и Кралската палата Alcazares Враќење во хотел Вечерта посета на фламенко (факултативно)). Севиља е родното место на фламенгото, музиката и танцот што изразува: радост и љубов, страдање и болка, среќа и надеж…Ноќевање

4 ден СЕВИЉА –КАДИЗ –ТОРЕМОЛИНОС

Појадок По појадокот напуштање на хотелот  и заминување за Кадиз -град и пристаниште во југозападна Шпанија. кој излегува  на Аталанскиот океан и Средоземното море Тој е типично андалузиски град со добро сочувани историски знаменитости а воедно и  главен град на провинцијата Кадиз, една од осумте што ја сочинуваат автономната заедница Андалузија. Разглед на најстариот град во Шпанија: катедралата Нуева, плоштадот на катедралата, Кале Филип Емануел, Торе Тавира, Форт Сан Себастијан, театарот Фаља…. Прошетка низ живописните тесни улички што ги поврзуваат големите плоштади, поновите области на Кадиз обично имаат широки авении и помодерни згради. Покрај тоа, градот е преполн со бројни паркови каде што цветаат егзотични растенија, вклучувајќи џиновски дрвја што наводно ги донел во Шпанија Колумбо од Новиот свет. Доцна попладне пристигнување во Торемолинос . Хотелско сместување. Ноќевање

5 ден ТОРЕМОЛИНОС – ГРАНАДА – ТОРЕМОЛИНОС ( факултативно)

Појадок. По појадокот организиран целодневен факулттаивен излет до ГРАНАДА еден од најважните градови на Андалузија, кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец на Сиера Невада чиј највисок врв е над 3.000 метри надморска височина. Гранада и стариот дел на градот наречен Albaisin се под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Ова е најпосетуваниот град во Шпанија благодарение на прекрасната тврдина Алхамбра и мноштвото културни и историски споменици создадени под влијание на различните цивилизации и култури. Покрај уникатни споменици од Мавританска архитектура Гранада е за Шпанците  од големо значение, затоа што тое е местото каде што Христијаните ги победуваат и протеруваат  Маврите од Пиринејскиот Полуостров,и местото каде што се погребани кралот Фернардо и кралицата Изабела – ослободителите на Шпанија Посета на Тврдината Alhambra (на арапски значи црвена тврдина) изградена во IX век како благородна палата на Мавритански калифи. Прошетка низ Кралската сала, кралскиот двор. Прошетка по парковите Heneralife, фонтаната на мудроста. Слободно време за индивидуални активности се до попладневните часови Враќање во хотел  Ноќевање

6 ден ТОРЕМОЛИНОС – МАБЕЉА – РОНДА – ТОРЕМОЛИНОС

Појадок. Краток одмор По одморот заминување на целодневна посета на Марбеља едно о д најпознатите одморалиште кое се наоѓа во централниот дел на регионот “, Коста дел Сол” (Сончев Брег). Ектремно брзо се развива во втората половина на минатиот век привлекувајќи го светскиот џет-сет, Градењето на прекрасните куќи од страна на аристократите и познатите фи лмски звезди,големата Марина “Puerto Banus ” и претварањето на земјштето во внатрешноста во терени за голф – Марбеља го добива печатот на ексклузивно летовалиште Заминување за Ронда една од најстарите населби во Шпанија. Сместена на стрмна карпа од 750 метри надморска височина нуди  незаборавен поглед  Ронда е лулка на борбите со бикови, каде што легендарното семејство Матадор Ромеро ги поставува правилата за борба со бикови.  Враќање во хотел. Ноќевање

7 ден ТОРЕМОЛИНОС  – КОРДОБА – ТОРЕМОЛИНОС ( факултативно)

Појадок. КОРДОБА ( целодневен  факултативен  излет )

Патот води низ  центарот на провинцијата Малага. Пристигнување во Кордоба, еден од најубавите музејски градови во светот. Градот бил основан од Картагинците,главна римска населба, главен град на мавританскиот шпански калифат, како и седиште на озлогласената инквизиција. Од времето на Римската империја постоел мост со сводови, над реката Гвадалкивир, кој водел до монументална порта, која и денес е еден вид украс на градот.Во римско време, целиот град бил опкружен со бедеми, кули и порти. Подоцна Арапите изградиле ѕидини на римските урнатини и во тие рамки се создал најубавиот дел – стариот дел на градот. Заштитен знак на Кордоба е секако џамијата  Mezquita, попозната како „Џамија на 1000 столбови“, единствеn објект во светот, во која времето и просторот ја обединуваат арапската и еврејската  култура Изградбата на џамијата започнала на крајот од VIII. век од династијата Омајади, која тогаш владеела со речиси цела Шпанија. Кон крајот на 12 век,била претворена во катедрала од христијаните. Денес, преставува музејот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Прошетка низ стариот еврејски кварт и тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање

8 ден ТОРЕМОЛИНОС

Појадок . Слободен ден  за индивидуални активности, прошетки  , плажа Ноќевање

8 ден ТОРЕМОЛИНОС-МАЛАГА-СОФИЈА –СКОПЈЕ

Појадок ( Ланч пакет )Напуштање на хотелот  во 04,30,  , Трансфер до аеродромот во Малага Полетување во 07,05  часот   Пристигнување во Софија 11,40  часот Трансфер до Скопје , Прстигнување во доцните вечерни часови

ЦЕНА за рана уплата 949€ / 58.840 денари до 31.07.2024

Редовна цена  999€ / 61.930 денари

Во  цената е вклучено:

  • Трансфер Скопје –Софија аеродром –Скопје – минибус
  • Авиокарта на релација Софија –Малага –Софија
  • Аеродромски такси и багаж до 7кг 40х20х23
  • Трансфер аеродром – хотел -аеродром
  • Сместување во хотел 3* во Севиља на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во хотел 4* https://www.bajondillo.com/ на база 5 ноќевања со појадок
  • Целодневен разглед   на   Севиља
  • Разглед на Малага
  • Разглед на  Кадиз
  • Организација и водство на патувањето

Во ценета не е вклучено

  • Доплата за багаж до 10кг со  димензии (55х40х23)  информации во агенција  
  • Факултативен излет      Гранада  85€ со вклучен превоз , влезница за АЛХАМБРА   и локален водич  Минимум 15 патника
  • Факултативен излет   Кордоба  70€ со вклучен  превоз, влезница  за МЕZQUITA   и водич Минимум 15 патника
  • Факулативен излет Марбеља и Ронда 50€  со водич Минимум 15 патника
  • Влезница за АЛКАЗАР  Севиља  25€
  • Патничко осигурување 360 ден
  • Се она што не е споменато во програмата

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници (факултативните излети се од отворен тип и цената на истите може да варира во зависнот од пријавениот број на патници)

Најава  за факултативни излети  задолжитено  со резервација

Уплата на аранжман минимум 50% при резервација

Комплетна уплата најдоцна до 10.10.2024

За овој аранжман важат Општите услови за патување на ФЛАЈ ТУРИЗАМ  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата  (активностите по денови и датуми).и цената Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail: contact@flyturizam.com

 

 

  • Included

    Авионски Превоз
    Организација на аранжманот
    Појадок
  • Not Included

    Автобуски Превоз
    Придружник од агенција
    Сместување
1

Tour Location

Leave a Reply:

Вредност/Пари
Дестинација
Оброци
Севкупно
Сместување
Транспорт