Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com
Image Alt

Турција | АНТАЛИЈА ЛЕТО 2018

ОПИС НА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ ЗА АНТАЛИЈА ЛЕТО 2018

РАСПОРЕД НА ЧАРТЕР ЛЕТОВИТЕ ЗА АНТАЛИЈА:
– од 28 Мај (секој понеделник) започнуваат чартер летовите со 7 и 14 дена престој
– од 18 Јуни започнуваат и чартер летовите со комбинации од 7 / 10 / 11 и 14 дена престој (со летови секој понеделник и четврток)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ АНТАЛИЈА ЛЕТО 2018

l 1 ден СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Патниците треба да пристигнат на аеродромот ,,ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ,, во Скопје два часа пред полетувањето на авионот, односно во 01:00 ам (наутро) на датата која е означена на издадената авио карта. Полетувањето на авионот кон Анталија е во 02:55 ам (наутро). По пристигнувањето во Анталија се прави трансфер на патниците до избраниот хотел и се сместуваат во соби според определеното време / правило на пријавување во хотелот (по 12:00 часот локално време на денот на пристигнувањето).

l 2 ден АНТАЛИЈА Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга во времетраење според уплатениот аранжман. Можност за користење на факултативни излети со пријавување кај локалните водичи кои доаѓаат во хотелот на секои 2-3 дена.

l Последен ден од престојот АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Патниците ги напуштаат собите најдоцна до 11 часот (наутро) на последниот ден од престојот ( 7-от ден / 10-от ден / 11-от ден / 14-от ден зависно од уплатениот аранжман ). Тогаш од рецепцијата во хотелот ке добијат информација во колку часот вечерта ќе биде организираниот трансфер од хотелот до аеродромот во Анталија. Во меѓувреме во текот на денот, патниците и понатака ги користат сите барови, ресторани, плажа, СПА .. се до напуштање на хотелот во вечерните часови, кога се врши планираниот трансфер до аеродромот. Полетувањето на авионот кон Скопје е во 01:10 ам (наутро, локално време во Анталија).

ЦЕНАТА НА ПАКЕТ АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Авио билет за чартер лет на релација Скопје – Анталија – Скопје
– Аеродромски такси во Скопје и Анталија
– Трансфери аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во избраниот хотел, со користење на избраната услуга во времетраење според уплатениот аранжман
– Организација и реализација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
– Факултативни излети
– Задолжително патничко здравствено осигурување

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
– Цените се во тотал и се изразени во евра, а плаќањето е задолжително во денарска против вредност по курс 1 € = 62 денари
– За резервација задолжителна е уплата на аванс од 30% од вкупниот износ (за резервации со рано букирање е потребна целосна уплата на аранжманот според времетраењето на понудата)
– Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна до 15 дена пред почетокот на патувањето.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– Патниците се должни да поседуваат валиден биометриски пасош со важност во наредните 6 месеци сметано од почетокот на патувањето. За веродостојноста и валидноста на пасошите патниците сами си сносат одговорност, односно агенцијата каде го закупиле аранжманот не сноси одговорност.
– Контакт од водичите во Анталија кои ги вршат трансферите: Gazi +905558539055 или Goran +38976480480
– За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ како и условите на организаторот на патувањето.