Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

За нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно опстојува на пазарот веќе 18 години. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

Поседуваме А-Лиценца бр.725.

Флај туризам има свои бизнис партнери во Малта, Шпанија, Дубаи, Тунис, Турција, Кипар, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Албанија, со чија помош им обезбедува беспрекорен одмор на своите клиенти.

ДОЗВОЛЕТЕ НИЕ ДА СЕ ПОГРИЖИМЕ ЗА ВАШИОТ ОДМОР

Активности на агенцијата:

  • Продажба на пакет аранжмани од странски тур оператори на домашен пазар,
  • Продажба на пакет аранжмани за земјава на странски туристи,
  • Продажба на авио билети,
  • Организација на ученички екскурзии,
  • Организација на семинари и конгреси.

Туристичката агенција Fly Turizam е една од првите агенции кои се специјализирани за организирање летувања, зимувања, семинари, излети како и организирање патнички и туристички превоз.

Со својата работа Fly Turizam допринесе многу на полето на туризмот во Македонија како и подобрување на понудата на Македонската туристичка берза.

Клучот на нашиот успех се наоѓа во 18 годишното искуство, традицијата како и професионализмот со кој секогаш ви стоиме на располагање. Затоа користете ги нашите услуги и обезбедете си пријатно патување и пријатен одмор.

Спакувајте ги куферите!

Стручниот тим на Флај Туризам кој е составен од професионалци во туристичкото работење, во минатите години од своето постоење има реализирано многу успешни летувања, зимувања, крстарења, екскурзии, семинари, директни чартер летови, за веќе добро познатите светски туристички атракции како и автобуски редовни линии во државата и во странство.

И оваа година Флај Туризам им стои на располагање на своите ценети и долгогодишни клиенти, се разбира и на оние кои сеуште не се одлучиле на кого да ја доверат обврската за организирање на нивниот летен одмор или нивното патување. Oд тие причини чест ни е да ви ја понудиме палетата на жешките туристички атракции за оваа година.