Електронско плаќање на аранжмани – технички и безбедносни аспекти
Електронското плаќање се врши со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер ХАЛКБАНКА АД Скопје со помош на онлајн системот за електронско плаќање чија цел е безбедно онлајн плаќање по сите светски безбедносни стандарди пропишани од Visa, Master Card и останатите финансиски институции.
Процесот на електронско плаќање се одвива според сите светски стандарди за интернет наплата со највисоко ниво на сигурност и доверливост.
При комуникација помеѓу купувачот и процесорот се користи SSL енкрипција. Конекциите се обезбедени со SSL протоколи – Fly Turizam имплементира највисоки можни безбедносни стандарди.
Електронско плаќање на аранжмани – Процедура
Резервација / Барање:
- Задолжително се прави Резервација за избраниот аранжман од актуелната понуда или Барање за конкретна посакувана понуда доколку истата ја нема во актуелните програми. Истите може да се направат преку email, телефон или директно преку копчето за резервација под секој аранжман при што треба да се достават и основни детали за комуникација со клиентот како на пр. email адреса и телефонски број.
- На доставениот емаил за комуникација клиентот добива потврда за бараната резервација или понуда за посакуваната дестинација според вашите барања доколку истата ја нема во актуелните програми. Во пораката се дадени инструкции за плаќањето, податоци и детали за аранжманот, точната сума за плаќање која не може да се промени од страна на корисникот за да се избегнат евентуални грешки, како и наменски генериран безбеден линк за понудата преку кој може да се започне со електронското плаќање кое се врши исклучиво во денари, а даден е информативен приказ на сумата во противвредност во EUR (€)). Во резервацијата или понудата ќе биде назначен и временски рок на валидност на понудата во зависност од типот на аранжманот и условите.
Плаќање на нарачката
- Од безбедниот линк на кој се започнува плаќањето, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на порталот за наплата од кредитни картички ХАЛКБАНКА АД Скопје на кој ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањетo, со што дополнително е заштитен од злоупотреба на платежните картички.
Податоците кои треба да ги пополните за плаќање со картичка се Податоци за картичката (број, датум на важност, 3-цифрен код за безбедност(CVV2/CVC2), име на сопственикот, име на банката и тел.број на дежурниот центар на банката издавач на картичката). - Откако ќе ги внесeте потребните податоци следно што треба да направите е да кликнете на полето продолжи.
- Ако извршите успешно плаќање на системот добивате потврден меил од страна на FLY Turizam дека вашата нарачка е направена и се обработува (your order has been received and it is being processed). По завршување на обработка на трансакцијата купувачот се пренасочува назад на интернет продажното место – веб страницата www.flyturizam.com
- Бројот од вашата кредитна картичка се обработува исклучиво на сајтот на ХАЛКБАНКА и во ниеден момент Fly Turizam нема достап до вашите податоци и во ниеден момент бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер.
- Доколку сакате да ја смените нарачката или од друга причина сакате да се откажете од плаќањето, или откажете го плаќањето или во вашиот прелистувач отворете било која друга страница; последната нарачка/плаќање ќе биде регистрирана како неуспешна (откажано од корисникот), односно статусот на плаќањето ќе биде „не е завршено“; потоа можете да продолжите со нова нарачка, додека старата нарачка ќе остане во историјата на нарачки
- Поради повеќекратните проверки и потврди на понудата за аранжманот од страна на купувачот и можноста за контрола на уплатата во сите чекори, по извршената уплата средствата не се рефундираат.
Информации за трансакцијата
- Трансакцијата може да биде успешна или неуспешна – откажано плаќање од корисникот во третиот чекор или одбиено плаќање.
- Покрај информациите прикажани во вашиот прелистувач ќе биде испратена порака на вашата e-mail адреса со детални информација за исходот на трансакцијата и плаќањето.
- Ако плаќањето е успешно завршено ќе биде генерирана фактура за продажбата и истата ќе ви биде доставена на email адресата заедно со издаден Ваучер за вашиот аранжман.
Со користење на порталот за електронско плаќање го потврдувате следново:
- информациите што ги доставувате до Fly Turizam се вистинити
- e-mail адресата што ќе ја користите за регистрација е Ваша, или на поинаков начин сте стекнале право за нејзино користење
- кредитната/дебитната картичка што ја користите за плаќање е ваша или на поинаков начин сте стекнале право да ја користите
Напомени
Доколку трансакцијата не e успешна, a имате внесено точни податоци за картичката и картичката е валидна, обратете се во Вашата банка за повеќе информации зошто трансакцијата е одбиена. Причините може да бидат најразлични и Вашата банка ќе Ви даде најточни информации.
Доколку се појавува системска грешка при обид за плаќање преку Internet Explorer, обидете се со друг интернет пребарувач.
Доколку се сомневате во злоупотреба, обратете се на +389 2 3121 166 или на contact@flyturizam.com
Fly Turizam не превзема никаква одговорност во случај на злоупотреба на корисничкото име или кредитната/дебитната картичка користена за плаќање.
Fly Turizam, техничкиот персонал и веб администратор не преземаат одговорност за можните штети кои корисникот на услугата евентуално би ги претрпел за време на користењето на услугата e-плаќање или поради недостапност на услугата во одредени периоди.
Fly Turizam, the technical personnel and the website administrator do not accept the responsibility of any possible damages that could occur to the user of the e-payment service while using the service or due to the unavailability of the service in certain period.