Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

8 СОВЕТИ ЗА УБАВИНА ПРИ ПАТУВАЊЕ

Овие совети важат и за кратките, а особено за долгите патувања кои знаат да бидат премногу напорни.


Но без разлика на сè, вие сакате да се чувствувате здраво и убаво. Токму затоа следете ги овие ситни, но корисни совети:

1. Фатете ја косата да не ви паѓа на лице, за да не ви паѓа сета нечистотија и прашина на лицето.

2. Шампонот за суво миење на косата ќе ви стане вашиот нов најдобар другар.

3. Краставици на очи се навистина добри за одмарање на очите.

4. Доколку не сакате да патувате без шминка понесете си за секој случај влажни марамчиња.

5. Колку да не бидете без шминка ставете коректор и маскара. Доволно е!

6.  Во авионите не користете ја водата во тоалетот за да си го измиете лицето, таа е неверојатно нечиста.

7. Пијте многу вода!

8. Одморајте за време на патувањето, но и станувајте да ги протегнете нозете, тоа е добро за циркулацијата.