МАГИЧНАТА АНДАЛУЗИЈА
Малага & Севиља & Кадиз & Кордоба & Марбеља & Ронда & Гранада
08.03-15.03.2026
Авион 8 дена – 7 ноќи
1 ден 08.03.2026 СКОПЈЕ – СОФИЈА – МАЛАГА / СЕВИЉА
Состанок на групата во 03,00 часот на договорено место Трансфер до аеродромот во Софија Лет од Софија за Малага во 14.20 часот . Пристигнување во Малага во 17.25 часот Панорамски разглед на Малага- град полн со историја но и елементи на пулсирчки модерен живот , Родното место на Пабло Пикасо во кој е познатиот музеј посветен токму нему Разглед на маварската тврдина Gibralfaro и палатата Alkasaba,за која велат дека е рамна на тврдината Алхамбра во Гранада Plasa de la Mersed, Plasa de Toros, La Malageta,стариот дел од градот ,, Plasa de la Konstitusion.Трансфер до хотел . Сместување во хотел во Севиља Ноќевање
2 ден 09.03.2026 СЕВИЉА
Појадок Панорамски турнеја на еден од најубавите градови во Андалузија: -Градот на Кармен Дон Ж уан , Фигаро , Овој шарен и прекрасен град е поделен на две половини со реката Гвадалкивир Уживајте во прекрасните погледи на Севиља со брод (факултативо ). Градот на фламенгото Паркот Марија Луиза – градска зеленета површина прошарана со мали улички , фонтани , и езерца .Плоштадот Plaza de Espana-место то кое ќе ве остави без здив . Граден во форма на полукруг со аркадни куполи ,на који се наоѓаат десетина клупи украсени со azulejo плочки и секоја од нив ги престаува десетте шпаснки провинции со име и мапа на истата. Санта Круз стариот еврески кварт – бели улички , цветни дворови, мали плоштадчиња со палми и Кралската палата Alcazares Враќење во хотел Вечерта посета на фламенко (факултативно)). Севиља е родното место на фламенгото, музиката и танцот што изразува: радост и љубов, страдање и болка, среќа и надеж…Ноќевање
3 ден 10.03.2026 СЕВИЉА –КАДИЗ –ФУЕНГИРОЛА
Појадок По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Кадиз -град и пристаниште во југозападна Шпанија. кој излегува на Аталанскиот океан и Средоземното море Тој е типично андалузиски град со добро сочувани историски знаменитости а воедно и главен град на провинцијата Кадиз, една од осумте што ја сочинуваат автономната заедница Андалузија. Разглед на најстариот град во Шпанија: катедралата Нуева, плоштадот на катедралата, Кале Филип Емануел, Торе Тавира, Форт Сан Себастијан, театарот Фаља…. Прошетка низ живописните тесни улички што ги поврзуваат големите плоштади, поновите области на Кадиз обично имаат широки авении и помодерни згради. Покрај тоа, градот е преполн со бројни паркови каде што цветаат егзотични растенија, вклучувајќи џиновски дрвја што наводно ги донел во Шпанија Колумбо од Новиот свет. Доцна попладне пристигнување во Торемолинос . Хотелско сместување. Ноќевање
4 ден 11.03.2026 ФУЕНГИРОЛА
Појадок . Слободен ден за индивидуални активности, прошетки , плажа Ноќевање
5 ден 12.03.2026 ФУЕНГИРОЛА– МАРБЕЉА – РОНДА –ФУЕНГИРОЛА ( факултативно)
Појадок Краток одмор По одморот заминување на целодневна посета на Марбеља едно о д најпознатите одморалиште кое се наоѓа во централниот дел на регионот “, Коста дел Сол” (Сончев Брег). Ектремно брзо се развива во втората половина на минатиот век привлекувајќи го светскиот џет-сет, Градењето на прекрасните куќи од страна на аристократите и познатите фи лмски звезди ,големата Марина “Puerto Banus ” и претварањето на земјштето во внатрешноста во терени за голф – Марбеља го добива печатот на ексклузивно летовалиште Заминување за Ронда една од најстарите населби во Шпанија. Сместена на стрмна карпа од 750 метри надморска височина нуди незаборавен поглед Ронда е лулка на борбите со бикови, каде што легендарното семејство Матадор Ромеро ги поставува правилата за борба со бикови. Враќање во хотел Ноќевање
6 ден 13.03.2026 ФУЕНГИРОЛА – КОРДОБА – ФУЕНГИРОЛА ( факултативно)
Појадок КОРДОБА ( целодневен факултативен излет )
Патот води низ центарот на провинцијата Малага. Пристигнување во Кордоба, еден од најубавите музејски градови во светот. Градот бил основан од Картагинците,главна римска населба, главен град на мавританскиот шпански калифат, како и седиште на озлогласената инквизиција. Од времето на Римската империја постоел мост со сводови, над реката Гвадалкивир, кој водел до монументална порта, која и денес е еден вид украс на градот.Во римско време, целиот град бил опкружен со бедеми, кули и порти. Подоцна Арапите изградиле ѕидини на римските урнатини и во тие рамки се создал најубавиот дел – стариот дел на градот. Заштитен знак на Кордоба е секако џамијата Mezquita , попозната како „Џамија на 1000 столбови“, единствеn објект во светот, во која времето и просторот ја обединуваат арапската и еврејската култура Изградбата на џамијата започнала на крајот од VIII. век од династијата Омајади, која тогаш владеела со речиси цела Шпанија. Кон крајот на 12 век,била претворена во катедрала од христијаните. Денес, преставува музејот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Прошетка низ стариот еврејски кварт и тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање
7 ден 14.03.2026 ФГУЕНГИРОЛА – ГРАНАДА – ФУЕНГИРОЛА ( факултативно)
Појадок , По појадокот организиран целодневен факулттаивен излет до ГРАНАДА еден од најважните градови на Андалузија, кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец на Сиера Невада чиј највисок врв е над 3.000 метри надморска височина. Гранада и стариот дел на градот наречен Albaisin се под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Ова е најпосетуваниот град во Шпанија благодарение на прекрасната тврдина Алхамбра и мноштвото културни и историски споменици создадени под влијание на различните цивилизации и култури. Покрај уникатни споменици од Мавританска архитектура Гранада е за Шпанците од големо значение , затоа што тое е местото каде што Христијаните ги победуваат и протеруваат Маврите од Пиринејскиот Полуостров,и местото каде што се погребани кралот Фернардо и кралицата Изабела – ослободителите на Шпанија Посета на Тврдината Alhambra (на арапски значи црвена тврдина) изградена во IX век како благородна палата на Мавритански калифи. Прошетка низ Кралската сала, кралскиот двор . Прошетка по парковите Heneralife, фонтаната на мудроста. Слободно време за индивидуални активности се до попладневните часови Враќање во хотел Ноќевање
низ стариот еврејски кварт и тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање
8 ден 15.03.2026 ФУЕНГИРОЛА -МАЛАГА-СОФИЈА –СКОПЈЕ
Појадок , Напуштање на хотелот во 12,00 , Трансфер до аеродромот во Малага во 15,00 Полетување во 17,40 часот Пристигнување во Софија 22,30 часот Трансфер до Скопје ,
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 989€/61.320,00 до 31 Декември
Редовна цена 1069€/66.280,00
Во цената е вклучено
- Трансфер Скопје –Софија аеродром –Скопје – минибус
- Авиокарта на релација Софија –Малага –Софија
- Аеродромски такси и багаж до 7кг 40х20х23
- Трансфер аеродром – хотел -аеродром
- Сместување во хотел 3* во Севиља на база 2 ноќевања со појадок
- Сместување во хотел 3* во Фуенгирола на база 5 ноќевања со појадок
- Целодневен разглед на Севиља
- Разглед на Малага
- Разглед на Кадиз
- Организација и водство на патувањето
Во ценета не е вклучено
- Доплата за багаж до 10кг со димензии (55х40х23) информации во агенција
- Факултативен излет Гранада 95€ со вклучен превоз , влезница за АЛХАМБРА и локален водич Минимум 15 патника
- Факултативен излет Кордоба 80€ со вклучен превоз, влезница за МЕZQUITA и водич Минимум 15 патника
- Факулативен излет Марбеља и Ронда 75€ со водич Минимум 15 патника
- Влезница за АЛКАЗАР Севиља 25€
- Патничко осигурување 360 ден
- Се она што не е споменато во програмата
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници (факултативните излети се од отворен тип и цената на истите може да варира во зависнот од пријавениот број на патници)
Најава за факултативни излети задолжитено со резервација
Уплата на аранжман минимум 50% при резервација
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
Комплетна уплата најдоцна до 10.10.2024
За овој аранжман важат Општите услови за патување на ФЛАЈ ТУРИЗАМ Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови , датуми ) хотел и цена. Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Tour Location