ШПАНИЈА
БАСКИЈА
БИЛБАО- САН СЕБАСТИЈАН -ГЕРНИКА–ПАМПЛОНА- СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ –БИЈАРИЦ
Термин 22.10-27.10.2026
Баскија (баскиски Euskadi, шпански País Vasco) е автономна заедница и историски регион на север од Шпанија, на брегот на Атлантскиот Океан (Бискајски Залив )и граничи со Франција. Позната е по својата единствена култура, јазик (Еускара) и висок степен на автономија. Баскија е регион со зелени пасишта, камени куќи и осамени замоци, заливи налик на фјорд, песочни златни плажи, прошарани со рибарски села.
Главен град е Виторија-Гастеиз, додека најголемите центри се Билбао и Сан Себастијан.
Билбао град со речиси 700 години историја, тој е најголемиот град во Баскија и петти по големина град во Шпанија Патувањето во Билбао е можност да уживате во културата, уметноста, пејзажите, гастрономијата и познатите вина на Баскија.
Сан Себастијан или Доностија, уште еден моден бисер на кантабрискиот брег, е исто така главен град на баскиската провинција Гипускоа. Се наоѓа во живописниот залив Ла Конча, граничи со ридовите Монте Игелдо (Монте Игелдо) и Монте Ургул (Монте Ургул), на чиј врв има статуа на Христос и често се споредува со Рио де Жанеиро. Се карактеризира со комбинација на традиција, крајбрежен шарм и „арт нуво“ (нова уметност ) архитектура.
Тргнете на ова патување и уживајте со сите ваши сетила
1 ДЕН 22.10.2026 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ -БИЛБАО
Состанок на патници на аеродромот во 06:00 часот. Полетување на авионот за Истанбул во 08,40 часот Пристигнување во 11,15, Полетување за Билбао во 14,00 Слетување на аеродромот во Билбао во 17,25 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање
2 ДЕН 23.10. 2026 БИЛБАО -ГЕРНИКА -БИЛБАО
Појадок Поаѓање за панорамско разгледување и прошетка во Стариот град. Билбао, еден од најважните туристички центри во Европа, се наоѓа на бреговите на моќната река Нервион. Динамичниот и раздвижен Билбао е главен и културен центар на Баскија, а во исто време е и силен индустриски центар. На прв поглед ќе ве шармира контрастот на старите историски градби и хипермодерната архитектура. Елеганцијата и моќта (на некогашното рибарско село) се рефлектираат на плоштадот Нуева од 19 век. Незабележано архитектонско ремек дело на Френк Гери, Музејот на модерна и современа уметност Гугенхајм е богат со уметнички колекции од 20 век. Разглед на Стариот град со неговите помпезни архитектонски дела, базиликата де Сантијаго, црквата Сан Антонио, необарокната зграда на театарот Аријага, а на излезот од тој дел од градот е еден од најголемите покриени пазари во Европа , Арт Нуово Меркадо.
По разгледот заминување до историскиот град Герника. Овој мал пркосен град доживеа сурово и неселективно бомбардирање за време на Шпанската граѓанска војна, што резултираше со целосно уништување на градот и многу човечки жртви. Бомбардирањето го изврши воздушната единица Кондор испратена од нацистичка Германија да се бори на страната на генералот Франко. Овој историски момент е овековечен преку познатата слика на Пабло Пикасо, првпат прикажана на Светската изложба во 1937 година. Истоимениот филм „Герника“, шпанско-британско-американска воена драма за време на војна, снимен во 2016 година, раскажува и за безмилосното бомбардирање од темелите на обновениот град. Еднаш срамнета со земја за време на граѓанската војна, Герника беше бастион на движењето на отпорот и епицентар на баскиската култура. Слободно време за ручек. Враќање за Билбао Вечерните часови во Билбао може да се поминат во баскиски предјадења и пинчо барови, бројни ресторани и кафулиња Ноќевање.
3 ДЕН 24.10.2026 БИЛБАО-ПАМПЛОНА -САН СЕБАСТИЈАН
Појадок Напуштање на хотелот и заминување за Сан Себастијан со попатна посета на Памплона, град основан од Римјаните во 75 п.н.е. Панорамска обиколка на градот: Конститоријалниот плоштад, Градското собрание, готската црква Сан Сатурнино, најстарата зграда – Камара де Комптос, црквата Св. Ловр, во кој се сместени капелата Свети Фермин, патронот на градот, палатата Навара, катедралата Санта Марија ла Реал. Памплона е позната и по фестивалот Света Фермина, за време на кој се одржува трката со бикови. Во попладневните шасови заминување за Сан Себастијан :Сместување во хотел Ноќевање
4 ДЕН 25.10.2026 САН СЕБАСТИЈАН
Појадок Организиран разглед на Сан Себастијан, монденско место познато како „малиот Париз“ на брегот на Атлантикот. Градот лежи во заливот Ла Конча (школка) и е најелегантниот приморски град во Шпанија. Убавината на ова место е единството на прекрасниот, речиси целосно правилен кружен залив како Школс – Ла Конча со островчето Санта Клара во средината и плажа посипана со златен песок, ридовите Игелдо и Ургуљ со статуата на Христос , од каде може да се види вистинска слика од разгледница. Разглед на плоштадот Ла Конституција, најубавиот во стариот дел на градот и црквата Сан Висенте. Сан Себастијан се карактеризира со луксузни аристократски вили и спа комплекси во бел епок стил, убави песочни плажи и одлични ресторани. Убавината на ова место е надополнета со архитектонски градби како што се палатата Мирамар, мостот Санта Каталина, театарот Викторија Евгенија, квартот Корос, зградата на Културниот центар Курсал-Конгрес. Градското собрание, базиликата Санта Марија дел Коро, плоштадот на Уставот и шеталиштето Ла Конча, Враќање во хотел Ноќевање
5 ДЕН 26.10.2026 САН СЕБАСТИЈАН -СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ -БИЈАРИЦ -САН СЕБАСТИЈАН
Појадок Можност за факултативна посета на престижното француско одморалиште Бијариц, со попатна посета на познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и најубавата баскиска Црква посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите.Заминување за Бијариц поранешен центар на собирање на европските благородници и господа, денес достапно за туристи од целиот свет. Старото аристократско чувство му го дава и квартот Стара Лука – живописниот историски центар на градот, Hotel du Palais – поранешната палата на Евгенија, која го носи името на сопругата на Наполеон III. Златните брегови на градот се рефлектираат во песочната полумесечина на Гранде Плаж, а за љубителите на сурфањето, плажата Cote des Basques е вистинско уживање бидејќи секогаш има големи бранови. Враќање во хотел во Сан Себастијан Ноќевање
6 ДЕН 27.10.2026 БИЛБАО -ИСТАНБУЛ -СКОПЈЕ
Појадок, Напуштање на хотелот во 07,00 часот и заминување кон аеродромот во Билбао Полетување за Истанбул во 12,00 часот Пристигнување во 18.05 Полетување за Скопје 20.15 Пристигнување во 19,45
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 999€/61.940.00 до 15.06.2026
РЕДОВНА ЦЕНА 1150€ /71.300,00
Во цената е вклучено
-Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул–Билбао–Истанбул–Скопје
-Аеродромски такси
-Багаж 20 кг и рачен до 8 кг
-Трансфери со автобус по наведените релации според програмата
-Сместување во хотел 4* во Билбао на база 2 ноќевања со појадок
-Сместување во хотел 4* во Сан Себастијан на база 3 ноќевања со појадок
https://www.barcelo.com/es-es/barcelo-costa-vasca/
Разгледи и прошетки во градовите според програмата со локален водич на македонски јазик
Асистенција и пратител од агенцијата
Во цената не е вклучено
–Факултативен излет Сен Жан де Луз и Бијариц со вклучен превоз и локален водич 90 Евра Минимум 15 патници
-Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
-Патничко осигурување 450,00ден
Се она што не е споменато во програмата
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници (факултативните излети се од отворен тип и цената на истите може да варира во зависнот од пријавениот број на патници)
Најава за факултативни излети задолжитено со резервација
Уплата на аранжман минимум 50% при резервација
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 150 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
За овој аранжман важат Општите услови за патување на ФЛАЈ ТУРИЗАМ Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови , датуми ) хотел и цена. Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Tour Location