БОЖИЌЕН МАРКЕТ
МАДРИД
13.12-16.12.2025
3 ноќи
Главниот град на Шпанија , Мадрид , важи за еден од најубавите европски градови , со фасцинантна архитектура, големиот број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив .
Мадрид е историско – културен центар за Шпанија , како и за голем дел од јужна Европа.
Бидејки областа е населена од Римско време има многу историски локалитети за истражување и уживање.Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови , ресторани и клубови .
1 ДЕН Скопје – Мадрид
.Состанок на групата 14.00 на aeродром Скопје Полетување за Мадрид во 16,05 Пристигнување во Мадрид во 20,00 ч Трансфер до хотел .Сместување Ноќевање
2 ДЕН Мадрид
Појадок. По појадокот факултативна организирана пешачка тура разглед на Мадрид со водич Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад , главниот плоштад – Plaza Mayor ,паркот El Retiro палатата Palacio Real de Madrid ,фонтаната Cibeles, сончевата капија Puerta del Sol ,стадионот Santiago Bernabe Враќање во хотел Слободно време за индивидуални активности Ноќевање
3 ДЕН Мадрид- Толедо
Појадок.По појадок се упатуваме на факултативна посета на Толедо Град под заштита на Унеско прогласено како светско наследство во 1986 година, Толедо е извонреден музејски град кој своето наследство им го должи на Евреите, муслиманите и христијаните кои живееле таму, работејќи и заедно почитувајќи ја секој туѓата религија Секоја од културите и нациите што поминале низ Толедо му подариле на градот подарок составен од богато архитектонско и уметничко наследство. Градските sидови, подигнати за време на римската ера, биле реконструирани и добиле модерен изглед од Арапите. Многу порти го обележуваат патот кон зидините а само , Puerta De la Bisagra , е порта која води кон историскиот дел од градот и носи грб на империјалниот град, и е единствената што ја задржа средновековната архитектура. Рагледот започнува со тврдината Алказар правоаголна тврдина со кули на секој агол. Една од важните знаменитости на Толедо е „Катедрал де Толедо“,чиј импресивен готски екстериер воодушува, а додека во внатрешноста на катедралата има музејски дел каде може да се видат дела од Караваџо, Ел Греко, Ван де Гог и др Разглед на Џамијата Кристо де ла Луз од десетти век единствената преживеана џамија од скоро десет што првично постоеле во градот .Синагогата Ел Трунсито од четиринаесетти век, Црквата Свети Тома, Мостот Сан Мартин кој потекнува од средината на 14 век.Прогласен е за национален споменик во 1921 година и нуди незаборавно место за уживање при заоѓање на сонцето
Враќање во хотел.Слободно време .Ноќевање
4 ДЕН Мадрид– Скопје
Појадок. Напуштање на собите и слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на еден од музеите – Museo del Prado , Museo Nacional Centro de Arte Reina Sofia , Museo Thyssen – Bornemisza Во 18,30 часот трансферт до аеродром Полетување за Скопје во 20,45 .Пристигнување во 01.05 часот
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:469€/ 29.070.00 мкд 30 Септември
Редовна цена 499€/30.940.00
Во цената е вклучено :
- -Авионски превоз на релација Скопје- Мадрид-Скопје со WIZZ AIR со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг/мал багаж 40х30х20см.
- -Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Мадрид;
- -3 нокевања со појадок во Hotel 3*
- -Полудневен панорамски разглед на Мадрид
Во ценета не е вклучено
- Доплата за багаж до 10кг со димензии (50х40х23) инфо во агенција
- Факултативен излет TОЛЕДО 70€-90€ со вклучен превоз , и водич/ во зависност од број на пријавени патници
- Патничко осигурување 300 ден
- Се она што не е споменато во програмата
НАПОМЕНИ:
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.
Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето
АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ
ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ФЛАЈ ТУРИЗАМ КЛУБ
Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14
тел-факс ++ 389 2 31 211 66, 075/272-843 www.flyturizam.com, e-mail: contact@flyturizam.com
Tour Location