Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година.

+389 2 3121 166
ДТЦ Палома Бјанка 1 кат локал 14
contact@flyturizam.com

Малта

4 дена – 3 ноќи

13.11-16.11.2026

 

1 ден СКОПЈЕ -МАЛТА

Состанок на групата na Скопскиот аеродром 10,45 часот  . Полетување за Ла Валета во12,45ч. Пристигнување во 14:35 часот. Трансфер до хотелот .Сместување во хотел Ноќевање.

2 ден МДИНА И ВАЛЕТА

Појадок.  Во пладневните  часови  факултативна  посета   на  Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во Во попладневните  часови се  упатуваме низ сликовитите улички на Валета се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea… се до  вечерните   часови.Враќање во хотел  Ноќевање.

 

3 ден  МАЛТА–ГОЗО

Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на селото на Попај , панорамски .  Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел..  Ноќевање.

4 ден  МАЛТА- СКОПЈЕ

Појадок  Во пладневните часови напуштање на хотелот и посета на  Blue  Groto и Марсашлок  Blue Groto  го добива  своето име  во 1950-тите, кога еден британски војник ја посетил областа и ја споредил со познатата Грота Азура на Капри, што во основа значи „Сина Пештера“, поради нејзината неверојатна јасна, светло сина боја на морето. Овој комплекс се состои од импресивен главен лак, висок околу 30 метри, како и систем од 6 други пештери.Разгледот продолжува према  Марсашлок Ако сакате да ја запознаете „вистинската“ Малта, вистинското нешто е рибарското село познато по својот пазар за риби  и шарени бродови Тоа е автентично градче со класичен малтешки плоштад, тесни улички и препознатлива архитектура. Трансфер до аеродром  во 18,00 часот.Полетување за Скопје во 20,25 часот.Пристигнување во Скопје во 22,05 часот 

 

Цена  279€/17.300 до 30.09 .2026

РЕДОВНА ЦЕНА 299€ /18.540.00

 

Цената на аранжманот е по особа и  вклучува:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм , максимум 8 kg
  • Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.
  • Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Гозо 60€
  • Факултативна посета на Валета и Мдина  60€
  • посета на Блуе Грото и Марсашлок 50€  (задолжително)
  • Влезници за културно историските музеи
  • Доплата за багаж – информација во агенција
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса се плака во хотел
  • Индивидуални трошоци

 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.  

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

Важноста на пасошот мора да биде мин 6 месеца до денот  на враќањето

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  contact@flyturizam.com

 

1

Tour Location